Го прошета целиот свет, но во овој град во СФРЈ Тито не сакал да стапне

Доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, во историјата остана познат по своите светски турнеи, посети на земјите од целиот свет и патувањата кои траеле и по неколку месеци. Сепак, во срцето на Србија постои град кој тој го одбегнувал.

Урбаната легенда која се раскажува во Чачанскиот крај вели дека владетелите на Србија не го сакале овој град. Кралот Александар Караѓорѓевиќ го посетил само еднаш и тоа поради погребот на војводата Степа Степановиќ. Тито го заобиколувал, а ниту новите политичари не го “мирисаат” многу, многу…

За време на своето 35-годишно владеење Тито во Чачак бил само седум пати и тоа секогаш на поминување, на патот кон Ужинце. Планирано во Чачак не дошол никогаш, а историчарите сметаат дека тоа е поради фактот дека Тито овој град до крајот на својот живот го доживувал како близок на равногорското движење. И не вредело ни тоа што секогаш кога тој поминувал низ улиците толпа луѓе го поздравувале.

Чачанците во очите на Тито секогаш останале – четници, можеби поради нивната близина до Равна Гора и песната “Na planini, na Jelici”.

Во реалноста, извештаите на полицијата на Југославија од 1940-та година Чачак го оцениле како озлогласено “комунистичко жариште” во Западна Србија. Од овој град потекнувале познатите комунисти – Филип Филиповиќ, Коста Новаковиќ, Драгиша Мишовиќ, Милка Миниќ, Милош Миниќ …

Меѓутоа, Тито сепак имал поинаква перцепција за ова место. Старите Чачани се уште зборуваат дека секогаш пред доаѓањето на претседателот на СФРЈ, луѓето означени како противници на режимот биле превентивно уапсени една недела порано, а етикетата “град на бунтовници” и место за избегнување ја запечатила ситуацијата кога за време на втората посета на Тито во Чачак, токму за време на неговиот говор снемало струја.

Денес е денот на македонскиот јазик

Петти мај е прогласен за Ден на македонскиот јазик. На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945 е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.

Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески: „Граматика на македонскиот литературен јазик“, „Речник на македонскиот јазик“ и „Историја на македонскиот јазик“.

Видео: Мадона одржа во Рио, пред 1,6 милиони луѓе

Американската пејачка Мадона (65) синоќа одржа бесплатен концерт во бразилскиот град Рио де Жанеиро, претворајќи ја прекрасната плажа Копакабана во огромен подиум за танцување, пишува „Асошиејтед прес“. Тоа беше последното шоу од нејзината концертна турнеја „The Celebration“, која започна во октомври минатата година, со концерт во Лондон, Велика Британија.

Таа го започна концертот со песната „Nothing Really Matters“ од 1998 година, а милионската публика ја поздрави со овации.

„Вечерва сме на најубавото место на светот. Ова место е магија“, изјави пејачката, гледајќи кон океанот, планините и статуата на Исус Христос во Рио.

Мадона ги изведе своите најголеми хитови, вклучувајќи ги „Like A Virgin“ и „Hung Up“. За воведот во „Like a Prayer“, нејзината глава беше целосно покриена со црна наметка, со бројаница во рацете.

Ѕвездата им оддаде емотивна почит на оние кои починаа од СИДА додека ја пееше „Live to Tell“, а зад неа беа прикажани црно-бели фотографии од луѓе кои умреле од болеста.

Подоцна, на сцената ѝ се придружија бразилските уметници Анита и Пабло Витар.

Рио де Жанеиро ги помина последните неколку дена подготвувајќи се за настапот.

Се проценува дека 1,6 милиони луѓе присуствувале на шоуто, објави „G1“, повикувајќи се на агенцијата за туризам на Градското собрание на Рио. Тоа е повеќе од 10 пати повеќе од рекордната посетеност на Мадона од 130.000 луѓе на парискиот Парк де Ско во 1987 година.

Нема напредок во разговорите меѓу Хамас и Израел

Водачите на палестинската милитантна група Хамас не успеаја да постигнат напредок на вториот ден од разговорите во Каиро со посредниците од Египет и Катар за примирје со Израел и остануваат на барањето секој договор да вклучува крај на војната во Појасот Газа, соопштија палестинските власти.

Неименуван палестински функционер запознаен со разговорите изјави дека делегација на Хамас пристигнала во Каиро со намера да постигне договор, „но не по секоја цена“.

„Со договорот мора да се стави крај на војната и Израел да биде протеран од Појасот Газа, но Израел сè уште не се обврза дека ќе биде подготвен да го стори тоа“, рече палестинскиот претставник.

Израел сака договор што ќе ослободи барем некои од околу 130-те заложници кои сè уште ги држи Хамас, но израелски официјален претставник вчера истакна дека основната позиција не е променета и дека Израел „под никакви околности“ нема да се согласи на договор за ставање крај на борбите кои ги води со цел да се разоружа и трајно да се уништи Хамас.

Друг палестински функционер потврди дека разговорите се „пред предизвик затоа што Израел одбива да се обврзе на сеопфатно примирје“, но додаде дека делегацијата на Хамас сè уште е во Каиро со надеж дека посредниците би можеле да извршат притисок врз израелската страна да ја промени својата позиција.

Популарно