ИСПОВЕД на тинејџерка која им избегала на маж и жена – сериски убијци: „Ќе ме силувате или ќе ме убиете?“

Кејт Мор (47) имала само 17 години кога во 1986 година во Перт наизглед обичен брачен пар, Дејвид и Кетрин Бирни и понудиле превоз. Таа не се ни сомневала како хорор и се подготвува.

Жената која им избегала на најлошите австралиски сериски убијци во своето прво телевизиско интервју раскажува за хоророт низ кој поминала.

Девојката таа вечер била излезена со пријателите во Перт. Вели дека била малку пијана кога се согласила да влезе во автомобилот на монструозниот пар.

-Ги прашав дали ќе ме убијат или силуваат, а тие ми одговорија: „Ќе те силуваме само ако си добра“, открива Кејт.

Кога ја донеле пред куќата, Кејт се обидела да излезе но тогаш сфатила дека вратата од автомобилот е заклучена. Дејвид од своите чизми извлекол месарски нож и и го ставил под вратот. Ја однеле во нивната куќа. Надевајќи се дека некој ќе открие дека држат заложничка, Кејт оставила траги низ целата куќа – балсам за усни фрлила под креветот, парче хартија со телефонски број, таблети за спиење кои и ги давале ставала под душекот…

„Знаеш дека ќе умреш, но не сакаш тоа да си го признаеш“

Опишувајќи го хоророт кој го преживеала таа вели „Знаеш дека ќе умреш, но не сакаш тоа да си го признаеш“.

-Имав околу 200 проценти шанси да умрам и едвај 5 проценти да се извлечам, додава Мор.

Мажот ја силувал уште првата вечер додека неговата сопруга гледала и фаќала белешки.

-Пред тоа ме натераа да играм пред нив додека ми пуштаа песни од бендот Dire Staits. Тоа беа два часа ментална тортура. Не можев да престанам да плачам, вели Кејт.Потоа ја натерале да се истушира и ја врзале со ланци.Напишала и проштално писмо. За време на ноќта, Кејт некако успеала да ги наговори монструмите да и дадат пенкало и листа хартија, по што напипала проштално писмо до своите најблиски.

Во еден момент среде ноќта таа почнала да вришти во сон, што многу го разлутило Дејвид. И кажал дека договорот за спиење се менувал и ја преместил во главната спална соба каде продолжил да ја силува. И дал таблета за спиење, но таа ги сокрила под јазикот.

-Мислев дека никогаш нема да се разбудам ако еднаш заспијам, изјавила Кејт.

Следното утро ја натерале да им се јави на родителите. Им кажала дека многу се опијанила надевајќи се дека тоа ќе ги разбесни со оглед на фактот дека не знаеле дека пие алкохол, па така ќе почнат да ја бараат, но не го сториле тоа.

Кога Дејвид заминал на работа, Кејт почнала да пресметува колкави се шансите да преживее. Планирала да се спријатели со Кетрин и да ја убеди да ја пушти. На нејзина среќа некој тропнал на вратата и на Кетрин тоа и го одвлекло вниманието од заробеничката, што Кејт го искористила како момент за да избега.

-Прозорецот во собата беше заклучен. Собрав храброст да го скршам стаклото и така го отворив. Скокнав надвор на паркингот и трчав преку патот до првата куќа во соседството. Меѓутоа на таа врата никој не ми отвораше, а кучињата хистерично лаеја, раскажува Кејт.

Тогаш здогледала продавница и тргнала кон неа.

-Помогнете ми. Ме силуваа, ве молам пуштете ме внатре да викнам полиција. Ако дојде некоја жена и ви каже дека сум и ќерка и дека сме се скарале немојте да и верувате. Ме силуваа, викала Кејт.

Маж кој бил во продавницата ја однел Кејт во локалната полиција каде раскажала што се случило.

Дејвид и Кетрин од Перт во својот дом за време на ’80 убиле четири девојки, Сусана Кенди (15), Денис Браун (21), Мери Неилсон (22) и Ноелен Патерсон (31). Осудени се на доживотен затвор. Дејвид во 2005-тата се обесил во затворската ќелија, додека на Кетрин годинава и било одбиено барањето за ослободување. Следното може да го поднесе во 2019 година.

Шер објасни зошто се забавува со далеку помлади мажи: Изјавата ја опишуваат како бизарна

Славната Шер (77) од почетокот на минатата година е во врска со 39 години помладиот рапер Александар Едвардс (38).

Поради значителната разлика во години, нивната врска наиде на различни коментари, а пејачката сега откри зошто сака да излегува со помлади мажи.

– Причината поради која излегувам со помлади мажи е затоа што мажите на моја возраст се стари и сите мртви. Пред тоа беа премногу исплашени да ми пријдат. Помладите мажи беа воспитани од жени како мене – изјави таа во една емисија.

Пејачката и раперот се запознале во септември 2022 година, а набрзо започнале врска. Тие раскинаа во мај 2023 година, но се смирија. Откако повторно почнале да излегуваат, пејачката кажала колку сето тоа било неочекувано.

– Им реков на пријателите, не се заљубувајте во помлади мажи, премногу сме стари. И не се заљубувајте преку пораки. Мојата теорија пропадна – изјави претходно таа за странските медиуми.

Кевин Спејси ги негира новите обвинувања за сексуален напад, наведени во документарен филм

Во интервју со поранешниот новинар на GB News, Ден Вутон, Спејси ги негира наводите за сексуално вознемирување и напад, велејќи дека понекогаш „можеби постапувал несоодветно“, но не и незаконски.

„Ја преземам целосната одговорност за моето минато однесување и постапки. Но, не можам и нема да преземам одговорност или да се извинувам на некој што измислил работи за мене или преувеличувал приказни за мене“, рече Спејси, пренесе Би-би-си.

Тој додаде дека никогаш не понудил помош за кариера во замена за сексуални услуги.

„Јас јасно се поврзав со некои мажи кои мислеа дека можат да ги унапредат своите кариери преку однос со мене. Но, немаше врска со мене, сето тоа беше дел од нивниот план, кој секогаш беше предодреден да пропадне бидејќи не бев вклучен во договорот“, изјави актерот.

Актерите Руари Канон и Дени ДеЛило се меѓу оние кои упатуваат нови обвинувања против Спејси во документарецот.

И двајцата во изјави за медиумите зборуваа за непримерното однесување на Спејси кон нив.

На 26 јули минатата година, поротата во судот во Лондон го прогласи Спејси невин за сексуално вознемирување на четворица мажи.

Спејси беше ослободен од девет обвиненија, вклучително и „сексуален напад, поттикнување лице на сексуална активност без согласност и поттикнување лице да се вклучи во пенетративна сексуална активност“.

За време на судењето, Спејси ја негираше вината, велејќи дека „не ја искористил својата моќ за да воведе неименувани мажи во кревет“.

Тој ги опиша обвинувањата како „убод во грб“.

Бритни Спирс жестоко се скарала со момчето, па полугола ја изнеле од хотелот

Службите за итни случаи одговориле на инцидентот меѓу Бритни Спирс и нејзиното момче Пол Ричард Солиз во хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес вќера рано наутро, пишува Page Six.

Изворите тврдат дека двојката се скарале додека биле во луксузниот хотел, а портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, потврдил за Page Six дека 911 биле повикани во Шато Мармонт кратко по полноќ. „Добивме повик на 911 со пријавување повредена возрасна жена. Повикувачот немаше многу информации за повредата. Испративме едно возило на местото на настанот“, изјави претставник на противпожарната служба во Лос Анџелес.

До 01 часот и 17 минути на местото пристигнала брза помош, а на повикот се јавиле само пожарникарите, додека полицијата не била на терен. Извор изјавил за Page Six дека Спирс, која живее во блискиот Thousand Oaks, Калифорнија, го напуштила хотелот со обезбедување и е „сега дома и безбедна “.

Пејачката е видена како го напушта хотелот боса, во долна облека, завиткана во ќебе и држејќи перница во рацете. По инцидентот, изворите рекоа дека пријателите на пејачката биле многу загрижени за нејзината врска со Солиз, а еден пријател рекол: „Тој е лоша вест од самиот почеток“.

Во август 2023 година, Спирс се шпекулираше дека се „зближува“ со Солиз, нејзиниот поранешен куќен помошник, но упатените во тоа време рекоа дека се загрижени за неговото криминално минато. Судските записи покажуваат дека тој бил обвинет за повеќе прекршоци, па дури и кривично дело затоа што поседувал огнено оружје.

За потсетување, во средата беше финализиран разводот меѓу Спирс и нејзиниот поранешен сопруг Сем Асгари. Парот се разведе во август минатата година по 14 месеци брак. „Бритни врти нова страница“, изјави извор за Page Six претходно, додавајќи дека разводот бил финализиран „пријателски“ со „строг предбрачен договор“.

Популарно