Не можеше да ја преболи смртта на ќерката

Посмртните останки на Нада Бодрожиќ ќе бидат положени во гробот покрај нејзината ќерка Ивана.

Тоа, како што се наведува, било нејзина последна желба. Нада сака да биде кремирана и нејзината урна да се положи покрај ќерката и сопруот Илија во Сириг.

Нада загина во неделата вечер додека се враќала од гробот на ќерката во Ченеј. Телото е пронајдено дури утредента во 7.30 часот, а причината за несреќата се испитува.

-Смртта на Ивана ја дотепа. Секојдневно во нејзината соба го полеваше цвеќето што заедно го одгледуваа. Цело време се трудеше да ја оставаи собата онака како што ја остави Ивана. Се повлече во себе и живееше мирен живот. Гледаше никому да не му нанесе никакво зло. Постојано повторуваше дека некој сака да го забошоти начинот на кој таа, раскажува роднина на Нада.

-Во една прилика ми рече дека само сака да склопи очи и да оди кај својата Ивана. Се што имаше даваше во хуманитарни цели, за деца, за нивно лекување. А последните година дена никој од колегите од Демократската партија не ја повика да види како е, иако таа беше нивен пратеник, но не се лутеше поради тоа, вели роднината.

Инаку, Ивана е пронајдена мртва 2014 година во соба во хотелот Хајат а во нејзината крв се пронајдени кокаин и пропофол.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно