Медицинско чудо во Србија - се разбудила после 7 години кома

Даниела Ковачевиќ (25) од Инџија во Србија била во кома седум години. Сега таа ги изненади сите лекари во клиниката во Германија  и се разбуди.

Никој не бил посреќен од 7- годишната Марија. Додека нејзината мајка била во кома секој ден таа,и цртала, пеела и рецитирала во надеж дека еден ден, нејзината мајка навистина ќе се разбуди.

Фотографиите кои ги објави Фејсбук страница „Unterstutzung„ зборуваат погласно од зборовите за љубова на мајка и ќерка.

Даниела после породувањето се здобила со тешко труење на крвта а докторите морале да ја реанимираат половина час, па откако успеале да ја вратат таа паднала во кома.

По три дена таа ги отворила очите, но сеуште била во така наречена „Будна„кома, можела да оди со помош на асистен да стисне тупаница, но не повеќе од тоа, таа не била свесна за околината.

Сега после толку време Даниела ги изненадила сите лекари и се разбудила од кома.

Овој напредок е резултат на долгогодишно физичка и говорна терапија, кој ја стимулира функцијата на мозокот, лекарите велат дека се задоволни со фактот дека Даниела може да држи  таблета и пенкало во рака, и да седне и да види разговор. Дури,велат дела е во можност да оди и до 800 метри, што е исто така големо достигнување.

Но таа сеуште е далеку од целосно закрепнување

- Тековниот Третманот трае три месеци, што е многу малку. Човекот кој ќе скрши рака се опоравува најмалку три месеци, замислете колку ќе требаза мојата ќерка да биде добро  - рекол таткото на Даниела Ѓорѓе.

Весна и Ѓорѓе Ковачевиќ секој ден се заедно со својата ќерка. Татко на девојчето ги оставил, и сега тие имаат старателство над Марија.

Еден третман кошта 60.000 евра но се снаоѓаме како знаеме, ни помагаат роднини и пријатели а и луѓе од целиот свет,могу пари се потребни и за лекови но највеќе одат за пелени зошто треба да се менуваат секој три саата -рекла мајката Весна.

(Видео) Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“

На денешен ден пред една година настана трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, кога Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко му уби девет ученици и чуварот на училиштето, а рани уште неколку.

На местото на трагедијата пристигнуваат се повеќе луѓе за да им оддадат почит на жртвите. Први пристигнале членовите на семејствата на убиените деца, а глетката пред училишната зграда никого не остава рамнодушен, објавија српските медиуми.

На посебно плато пред училиштето, каде се поставени фотографиите и имињата на убиените деца и чуварот, се оставаат цвеќиња и се палат свеќи.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово положи цвеќе во ОУ „Владислав Рибникар“.

„Помина една година од невидената трагедија која остави неизбришлива лузна на душата на целата земја, но болката, неверувањето и неизмерната тага не поминаа“, рече Вучиќ.

На 3 мај минатата година Коста дошол вооружен во училиштето и од влезната врата го започнал својот крвав поход, во кој животот го загубија девет деца и чуварот.

Откако го извршил масакрот повикал полиција и пријавил што направил.

Веднаш по трагедијата се одржа вонредна конференција на српското Министерство за внатрешни работи, на која беа соопштени деталите за она што се случи во училиштето „Владислав Рибникар“.

„Повикот дојде во 8 часот и 42 минути наутро, две минути по пријавувањето на случајот во полиција од страна на заменик директорот на ова училиште“, изјави началникот на белградската полиција Веселин Милиќ.

На таа конференција Милиќ изјави и дека К.К. еден месец го планирал злосторството. Тој го покажа и списокот што полицијата го пронашла во станот на момчето убиец, на кој биле испишани имињата на учениците кои планирал да ги убие.

Дополнително, како што тогаш беше кажано од највисоките функционери на српската полиција, К.К. имал и прецизен план на училиштето, со означен влез и излез.

Поради делото, Коста е во болница, а против татко му и мајка му, Владимир и Миљана Кецмановиќ во меѓувреме е покренато обвинение, со оглед на тоа што момчето-убиец во моментот на делото имало 13 години и затоа не е кривично одговорен.

Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека обвинетиот Владимир Кецмановиќ во периодот пред трагедијата го научил својот син да пука во цели во форма на концентрични кругови и силуети на луѓе, да стои и да дише кога користи огнено оружје.

Против семејството Кецмановиќ се водат три граѓански постапки, а поднесени се вкупно пет тужби, меѓу кои и една кривична.


Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Популарно