Исповед на српска проститутка: Зема шише и ...

Почнав со проституција пред осум години, бидејќи мојот поранешен сопруг ме принуди на тоа за да му ги исплатам долговите,раскажа една од "Кралицата на ноќта" во Нови Сад.

Како што раскажа таа, сопругот ја продавал на улиците, а тој бил нејзиниот макро.Тој бил насилен спрема неа, ја тепал, ја сечел со нож и гасел цигри по нејзиното тело.Претходно тој избол некој човек, па поради тоа морал да плати казна, па затоа ја терал сопругата на проституција за да го исплати тој долг.

-Едвај извлеков жива глава- вели 28- годишната К.И која има 13- годишен син а лузните по нејзиното тело се сеуште видливи.

Сепак, откако се спасила од него, продолжи да се бави со најстарата професија во светот. За да заработи пари за кирија и основни потреби. Таа додаде дека нејзините најблиски се сомневаат дека се бави со проституција.

-Најтешко ми беше кога почнав да си го продавам телото, тогаш се навлеков и на хероин- вели таа

Мајка и и помогнала да се одвикне од хероин, но не и од проституција.

-Незнам ништо друго да работам, а најдреќна сум кога сум со мојот син, а тоа сега е невозможно зошто мојот син е кај мојата мајка- вели К.И

Вели дека има муштерии и стари и млади и раскажа што и се случило:

- Ми се јави еден човек за да дојдам во хотел. Седнав во такси и се чудев што некој во четири часот наутро ме повика. Стигнав во хотелот до познатата жена на рецепција и отидов во собата,но таму немаше само еден човек, туку слушнав повеќе гласови, па прашав што е работата и тргнав спрема излезот, но еден од нив ме грабна за рака и ги викна и останатите да му се придружат. Од тоалетот излегоа двајца крупни, ќелави и груби мажи.

Немав никакви шанси против нив, ми се редеа еденпо друг по неколку пати, ме влечеа по подот а еден од нив стави кондом на шише и ...- раскажала таа

-Моите мислат дека работам во бутик, така е подобро, неможам да се вратам кај нив, зошто немаат доволно за нив а камо ли за мене.

Можеби и грешам, но не сакам и тие да го носат новарот кој го носам и јас од оваа срамна работа што ја работам. Наскоро ќе соберам пари за двој бизнис, и ќе почнам да работам нешто друго.

Едвај го чекам тој ден- раскажала 28- годишната К.И од Нови Сад

Видео: Мадона одржа во Рио, пред 1,6 милиони луѓе

Американската пејачка Мадона (65) синоќа одржа бесплатен концерт во бразилскиот град Рио де Жанеиро, претворајќи ја прекрасната плажа Копакабана во огромен подиум за танцување, пишува „Асошиејтед прес“. Тоа беше последното шоу од нејзината концертна турнеја „The Celebration“, која започна во октомври минатата година, со концерт во Лондон, Велика Британија.

Таа го започна концертот со песната „Nothing Really Matters“ од 1998 година, а милионската публика ја поздрави со овации.

„Вечерва сме на најубавото место на светот. Ова место е магија“, изјави пејачката, гледајќи кон океанот, планините и статуата на Исус Христос во Рио.

Мадона ги изведе своите најголеми хитови, вклучувајќи ги „Like A Virgin“ и „Hung Up“. За воведот во „Like a Prayer“, нејзината глава беше целосно покриена со црна наметка, со бројаница во рацете.

Ѕвездата им оддаде емотивна почит на оние кои починаа од СИДА додека ја пееше „Live to Tell“, а зад неа беа прикажани црно-бели фотографии од луѓе кои умреле од болеста.

Подоцна, на сцената ѝ се придружија бразилските уметници Анита и Пабло Витар.

Рио де Жанеиро ги помина последните неколку дена подготвувајќи се за настапот.

Се проценува дека 1,6 милиони луѓе присуствувале на шоуто, објави „G1“, повикувајќи се на агенцијата за туризам на Градското собрание на Рио. Тоа е повеќе од 10 пати повеќе од рекордната посетеност на Мадона од 130.000 луѓе на парискиот Парк де Ско во 1987 година.

Шер објасни зошто се забавува со далеку помлади мажи: Изјавата ја опишуваат како бизарна

Славната Шер (77) од почетокот на минатата година е во врска со 39 години помладиот рапер Александар Едвардс (38).

Поради значителната разлика во години, нивната врска наиде на различни коментари, а пејачката сега откри зошто сака да излегува со помлади мажи.

– Причината поради која излегувам со помлади мажи е затоа што мажите на моја возраст се стари и сите мртви. Пред тоа беа премногу исплашени да ми пријдат. Помладите мажи беа воспитани од жени како мене – изјави таа во една емисија.

Пејачката и раперот се запознале во септември 2022 година, а набрзо започнале врска. Тие раскинаа во мај 2023 година, но се смирија. Откако повторно почнале да излегуваат, пејачката кажала колку сето тоа било неочекувано.

– Им реков на пријателите, не се заљубувајте во помлади мажи, премногу сме стари. И не се заљубувајте преку пораки. Мојата теорија пропадна – изјави претходно таа за странските медиуми.

Кевин Спејси ги негира новите обвинувања за сексуален напад, наведени во документарен филм

Во интервју со поранешниот новинар на GB News, Ден Вутон, Спејси ги негира наводите за сексуално вознемирување и напад, велејќи дека понекогаш „можеби постапувал несоодветно“, но не и незаконски.

„Ја преземам целосната одговорност за моето минато однесување и постапки. Но, не можам и нема да преземам одговорност или да се извинувам на некој што измислил работи за мене или преувеличувал приказни за мене“, рече Спејси, пренесе Би-би-си.

Тој додаде дека никогаш не понудил помош за кариера во замена за сексуални услуги.

„Јас јасно се поврзав со некои мажи кои мислеа дека можат да ги унапредат своите кариери преку однос со мене. Но, немаше врска со мене, сето тоа беше дел од нивниот план, кој секогаш беше предодреден да пропадне бидејќи не бев вклучен во договорот“, изјави актерот.

Актерите Руари Канон и Дени ДеЛило се меѓу оние кои упатуваат нови обвинувања против Спејси во документарецот.

И двајцата во изјави за медиумите зборуваа за непримерното однесување на Спејси кон нив.

На 26 јули минатата година, поротата во судот во Лондон го прогласи Спејси невин за сексуално вознемирување на четворица мажи.

Спејси беше ослободен од девет обвиненија, вклучително и „сексуален напад, поттикнување лице на сексуална активност без согласност и поттикнување лице да се вклучи во пенетративна сексуална активност“.

За време на судењето, Спејси ја негираше вината, велејќи дека „не ја искористил својата моќ за да воведе неименувани мажи во кревет“.

Тој ги опиша обвинувањата како „убод во грб“.

Популарно