Убавата српска водителка натепана и исфрлена од сплав во Белград

Познатата српска водителка, Ана Михајловски, добила ќотек минатата недела на еден од белградските сплавови.

Таа со својата сестра и пријателите дошле во клубот за да прослават роденден, но ноќната забава завршила со искубана коса и модринки.

За време на забавата, Михајловски, како што пишуваат српските медиуми, се качила на сепарето за да игра, по што дошол еден од обезбедувањето и и рекол дека мора да се симне и нормално да седне.

Таа му врати „Ало, не ме пипкај“, а тој изнервиран ја фатил за коса и ја турнал на столчето. Почнала жестока расправија меѓу повеќемина обезбедувачи со Ана и нејзините другарки, по што Ана ја фатиле за врат и ја фрлиле на маса. Потоа ја фатиле околу половината и ја исфрлиле од сплавот. Изворот на овие информации, кој се нашол на местото, додал дека била малку под дејство на алкохол, но обезбедувањето имало прегруб однос со неа.

Водителката потврдила дека се случил инцидент, но не открива детали.

– Би апелирала Градот Белград и државата Србија малку да се позанимаваат со обезбедувањето кое треба да се грижи за безбедноста на гостите. Ова што се случува не е нималку наивно, вели водителката.

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Популарно