ПОзнатата пејачка редовно имала тројка со сопругот и младата дадилка

Поранешната „спајс“ девојка, Англиската пејачка Мел Би, која претходно дадилката ја обвини како главен фактор за нејзиниот развод, имала интимни односи заедно со својот, наскоро поранешен сопруг и нивната дадилка, а постојат и видеозаписи за тоа.

На снимките е прикажано како во интимни односи се Мел Би, нејзиниот сопруг Стивен Белафонте и нивната тогашна дадилка Лорен Џилс. Мел Би, поранешна спајсица, наводно, освен што учествувала во сексуалните односи, знаела и само да ја снима дадилката со својот сопруг.

Дадилката Лорен, која сега има 26 години, на суд изјавила дека сè започнало кога таа имала 18 години, а односите меѓу нив тројца траеле повеќе години. На суд завршиле откако во меѓувреме Мел Би и нејзиниот сопруг отпочнале бракоразводна парница, а пејачката ја тужеше Лорен, бидејќи таа ја претстави како еден од факторите за разводот.

- Јас и Стивен Белафонте имавме секс само кога Мелани ќе ни речеше да го направиме тоа или кога ние две први би почнале, па таа подоцна ќе го повикаше Стивен да ни се придружи - е дел од изјава до која дошле медиумите од судските документи.

Лорен тврдела дека пејачката и нејзиниот сопруг и онака имале „отворена врска“ во која, според договор, можеле да бидат интимни и со други луѓе.

Мел Би се наоѓа среде жесток развод со поранешниот сопруг Стивен Белафонте (42). Покрај тоа, на суд барала забрана за пристап на дадилката Лорен Џилс и ја обвинила дека наводи и украла 300.000 евра.

- Стивен ѝ рече на Лорен да изнајми сеф и да ги скрие снимките со секс – рекла 42-годишната Мел Би.

Таа тврдела дека двајцата ја злоупотребувале и ја вознемирувале, а и цело време живееле на нејзина сметка. Пејачката го обвинила Белафонте дека ја тепал во текот на бракот.

Стивен Белафонте, пак, открил дека по разделбата тој е во банкрот, бездомник и дека спие кај пријател. Наводно им должел пари на адвокати и на банки што го застапуваат во бракоразводната парница.

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Популарно