Честитки до младите пристигнуваат од сите страни. Меѓу оние кои не можеа од разни причини да бидат на свадбената веселба и некогашната водителка на ТВ Алфа, Бона Пауновска која е сега среќно мажена и со своето семејство живее во САД.
Физички можеби не, ама со мислите и душата очигледно и таа била на свадбата на Каролина и Михаил. Социјалните мрежи и помогнаа она што не можеше лично да им го каже, да им гоп соопшти преку својот Фејсбук профил . Еве го нејзиниот емотивен статус и честитики!
„Денес е денот кога две сродни души си кажаа ДА! Две делчиња кои се одрониле од вселената и на кои им било запишано во ѕвездите дека еден ден ќе се најдат, се најдоа и денес слават поради тоа. Славам и јас од далечините бидејќи знам дека мојата принцеза ја доби својата бајка.
Измешани чувства- душава ми плаче што не сум таму, ама срцето ми се смее зошто знам дека и нејзиното се смее од љубов и прекраснотии! Знам дека Михаил Корубин Михо нема да дозволи насмевката никогаш да се симне од нејзиното лице, како што тоа го прави изминативе години!
Бидете ми вечно среќни и заљубени и од убавини глава да не кренете никогаш! Ве сакам!“ – напиша некогашната водителка на Фејсбук.