Славната спортистка призна дека била жртва на нејзиниот татко, најновите детали за насилството се морбидни

Јелена Докиќ,  тенисерката со српско потекло која имаше највисок пласман како четвртопласирана тенисерка на ВТА листата, по потресното откривање за јавноста во врска со малтретирањето од страна на  нејзиниот татко, таа обелодени уште една разочарувачка информација.

Тоа што таа го преживувала од нејзиниот татко е надвор од сите нормалности на родителството.

И покрај тоа што на 17 години ја малтретирал, ја тепал, фрлал со се што ќе му дојде при рака, ја кубел за косата, тоа за насилникот не било доволно.

Сега се објавени и најшокантните информации. Во полуфиналето на Вимблдон, по поразот од Линдзи Девенпорт, татко и влегол во соблекувалната и почнал да ја навредува, да ја клоца и шутира. Рекол да не се враќа во хотелот, во кој било сместено целото семејство зошто “лошо ќе помине“. На крај, таа преплашена морала да спие во соблекувалната на Вимблдон, но благодарение на тоа што некој од менаџерите на тенисерите стапиле во контакт со нејзиниот менаџер, тој дошол и ја однесол во хотел.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно