HBO видеотеката промотивно 3 месеци без претплата

Со големо задоволство Вип ја најавува новата услуга за сите корисници на пакетот HBO Premium со која од денеска имаат пристап до HBO видеотеката, промотивно 3 месеци без претплата и добиваат можност да гледаат повеќе од 4.000 наслови на најсовремени филмови и серии од HBO продукцијата, и тоа кога и да посакаат.

Промотивно, сите корисници кои ќе склучат нов или ќе обноват договор за Vip Комбо, добиваат гратис интерактивна телевизија и 3 месеци бесплатно пакет HBO Premium, вклучувајќи ја и целосната HBO видеотека.

По завршување на промоцијата, пакетот HBO Premium ќе продолжи да се наплатува 299 денари месечно.

Услугата HBO On Demand е достапна за сите Vip Комбо корисници кои користат уред за интерактивна телевизија и имаат активирано HBO Premium пакет. Покрај услугата HBO On Demand, пакетот HBO Premium ги вклучува и телевизиските канали HBO, HBO2, HBO3, HBO HD, HBO2 HD, HBO3 HD како и услугата HBO GO.

Понудата е достапна во Скопје, Битола, Прилеп, Кочани, Гостивар, Радовиш, Куманово и Велес, на локации каде постои техничка можност.

Повеќе информации за новата услуга можете да добиете на www.vip.mk или со јавување во Контакт центарот на Вип на  077 1234. 

Ќе се бришат милиони сметки на Gmail

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа.

Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години.

Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање.

Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега.

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат.

Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. 

Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефон

За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона.

Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка.

Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“.

Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа.

Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.

Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа

Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.   

Популарно