Дали ќе успеете да ја најдете деветката? ShareИнтересно на 2.2018Помеѓу сите овие осмици се наоѓа само една деветка! Доколку успеете за 8 секунди да го пронајдете бројот девет вие ќе докажете дека навистина имате совладано чувство за простор, моќ на перцепција и вид како на формула возач. ShareTwitter Коментирај
(Фото) Гоце Тодоровски со сопругата Тања прославија роденден на ист денИнтересно пред 7 часаГоце Тодоровски и неговата сопруга Тања на ист ден слават роденден. Легендата од Македонските народни приказни пред два дена наполни 73 години, а неговата животна сопатничка 69 и заедно го одбележаа овој важен ден за нив. Тие добија посета од ќерката Сашенка и нејзиниот сопруг Боби. „Гоце и Тања Тодоровски родени на ист ден - како еден за друг речиси целиот живот го потрошија заедно, а од нивната љубов се изродија синот Гоце и ќерката Сашенка.“ „На 30.4.2024 нашата легенда - Гоце наполни 73 години, а неговата сопруга 69 години. Заедно и во добро и во лошо... па и на овој ден, скромно, но идилично во кругот на семејството! “ „Денес на гости им отидоа ќерката и зетот Боби“ – напиша Горан Марковски, кој ги сподели фотографиите на Facebook фан страница за Ѓорги Колозов. „Фотографиите ми ги испрати Сашенка. А јас на овие шармантни и убави луѓе им посакувам заедно да влезат во уште многу подлабока старост, со насмеани лица и весели души како што доликува на нашиот македонски актерски доајен Гоце кој цел живот слатко не засмеваше преку малите екрани! Среќен роденден на двајцата!!!“ – дополни Горан. ShareTwitter Коментирај
(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебнаИнтересно пред една неделаГинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава. Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција. Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус. -Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот. Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари. Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.ShareTwitter Коментирај
Кога бебето почнува да си го препознава името?Интересно пред еден месецВо текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име. Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents). Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име. Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).ShareTwitter Коментирај
Естрада (Фото) Таировиќ само што ја откри врската со телохранителот, а веќе блесна и во луксузна венчаница покрај него
Хороскоп Финансиски хороскоп за идниот месец, особено еден знак не треба да брка брза заработка – еве што ве очекува вас