Чудни правила за полагање возачки испити во светот

Во сите земји ширум светот не е иста пракса за полагање возачки испит, иако во повеќето случаи тие се составени од усен и практичен дел. Во некои земји постојат чудни правила на полагање испит за возење на автомобил.

Кенија - Подготовките за возачки испит во Кенија вклучуваат и возење на автомобилчиња-играчки на посебно дизајнирана маса, а практичниот дел од испитот наводно понекогаш трае и помалку од една минута.

Северна Кореја - Доколку во Северна Кореја сакате висока категорија на возачка дозвола тогаш мора да се знае да се склопи автомобил.

Буркина Фасо - Во оваа земја јавна тајна е дека не може да се положи практичниот дел за возачки испит доколку на членовите од комисијата не им подарите 25.000 ЦФА франци.

Кина - До 2013 година кинеските возачи биле советувани дека при директен судир неизбежно мора да го пуштат воланот, да ги кренат нозете и да се фрлат на страна, на совозачкото седиште.

Хондурас - Едно од прашањата во теоретскиот дел од испитот е: „Што да се направи доколку некого прегазите?“ Меѓу понудените одговори биле:

1. ќе го покријам со лисја; 2. ќе испијам рум и 3. ќе го оставам таму

Индија - До 2013 година комисијата воопшто не морала да седи во автомобил за време на испитот. Кога тоа законски се сменило, стапката на положени возачки испити мистериозно се намалила за 50 отсто.

Египет - До неодамна испитот се состоел само од возење шест метри нанапред и шест метри наназад. Сега е малку потежок, бидејќи идните возачи мора да одговорат на 10 прашања и да возат по патека во облик на буквата Ѕ.

Јужноафриканска Република - Кандидатите за возачка дозвола во оваа земја можат да не го положат испитот дури и пред да седнат во автомобил доколку претходно не проверат дали нешто тече под возилото, но и ако повлекувањето на рачната сопирачка не го направат тивко.

Мексико - Во Мексико не постои испит за полагање возачки испит. Ако сакате да возите автомобил во оваа земја, тогаш се што треба да се направи е да се плати возачката дозвола, која чини околу 28 фунти.

Пакистан - Полагањето возачки испит во Пакистан, исто така, не е тешко. Од кандидатите се бара да имаат задоволителен вид, потоа треба да поминат само кратко растојание на полигон означено со чуњеви и истото да се повтори со движење во рикверц. Стапката на положени испити изнесува 80 отсто.

Русија - Во Русија кандидатите учат слалом возење меѓу чуњеви. Исто така, идните возачи мора да поминат тест во кој со возилото тргнуваат од место, а потоа ја зголемуваат брзината, на крајот сопираат со цел да застанат пред обележената позиција. Притоа не смеат да остават траги на сопирање од гуми на асфалтот.

Јапонија - Во Јапонија идните возачи обуката ја минуваат на полигони кои симулираат вистински градски улици.

САД - Во САД, како во развиена држава, добивањето возачка дозвола е потешко. Меѓутоа, во Тексас кандидатите за време на полагањето не мора да се појават на улица. Доволно е своите вештини да ги докажат на полигон, каде треба да се провозат меѓу чуњеви, да покажат дека знаат паралелно паркирање и да успеат да го свртат возилото со комбинирани движења нанапред и во рикверц. Потоа можат да се вклучат во секојдневниот сообраќај.

Финска - Во оваа држава идните возачи мора да поминат најмалку 18 часови предавања, а потоа и да полагаат тест кој се состои од теоретски дел и градско возење. Кандидатот мора да покаже и познавање за паралелно паркирање. Потоа се добива возачка дозвола која има важност од две години. Во тој период, новите возачи треба да поминат низ уште една фаза на обука, а тоа е школа за усовршување на возењето, која вклучува и управување на возило во ноќни услови.

(Фото) Гоце Тодоровски со сопругата Тања прославија роденден на ист ден

Гоце Тодоровски и неговата сопруга Тања на ист ден слават роденден.

Легендата од Македонските народни приказни пред два дена наполни 73 години, а неговата животна сопатничка 69 и заедно го одбележаа овој важен ден за нив.

Тие добија посета од ќерката Сашенка и нејзиниот сопруг Боби.

„Гоце и Тања Тодоровски родени на ист ден - како еден за друг речиси целиот живот го потрошија заедно, а од нивната љубов се изродија синот Гоце и ќерката Сашенка.“

„На 30.4.2024 нашата легенда - Гоце наполни 73 години, а неговата сопруга 69 години. Заедно и во добро и во лошо... па и на овој ден, скромно, но идилично во кругот на семејството! “

„Денес на гости им отидоа ќерката и зетот Боби“ – напиша Горан Марковски, кој ги сподели фотографиите на Facebook фан страница за Ѓорги Колозов.

„Фотографиите ми ги испрати Сашенка. А јас на овие шармантни и убави луѓе им посакувам заедно да влезат во уште многу подлабока старост, со насмеани лица и весели души како што доликува на нашиот македонски актерски доајен Гоце кој цел живот слатко не засмеваше преку малите екрани! Среќен роденден на двајцата!!!“ – дополни Горан.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Популарно