Се повеќе мажи имаат проблем со квалитетот на спермата - еве зошто

Според американски истражувачи еден од осум парови има проблеми со зачнувањето. “Во еден од три случаи мажот е причината”, сметаат научниците од Американскиот колеџ за акушерство и гинекологија.

“Вкупниот број на сперматозоидите во семената течност на мажот се намалиле во последните неколку децении”, вели урологот проф. Аџај Нангиа од Универзитетската болница Канзас – “Многу е можно недостатокот на” војници “да е резултат од мали нешта од секојдневниот живот на мажот” .

Кои се тие?

Будност и седење до доцна ја оштетуваат спермата

Мажите кои спијат помалку од 6 часа, ги намалуваат шансите да ги забременат своите сопруги со до 31%. Недостатокот на сон предизвикува намалување на нивото на тестостерон во машкото тело, кој е исклучително важен за производството на сперма.

Заклучокот е направен по научна студија од октомври 2016 година, спроведено од Школата за јавно здравје при Бостонскиот универзитет.

Во него 695 парови биле подложени на темелна медицинска студија која накратко го покажува следново:

Спиење во рок од 6 часа или помалку штети на семепроизводството. Вонредно долгиот сон исто така би можел да одигра лоша услуга кај идните татковци. Ако тие затвораат очи меѓу 9 и 12 часа ги чека истиот проблем. Американските научници ги советуваат господата да се придржуваат кон здрав 7-часовен сон, за да можат “да ја завршат работата”.

Грешниот лубрикант го попречува оплодувањето

Комерцијалните еротски подмачкувања може да ја оштетат подвижноста на сперматозоидите, т.е. нивната можност да “допливават” до јајце клетката, за да ја оплодат.

Во истражувањето од 2014 година, објавено во Журнал “плодност и неплодност”, урологот проф. Аџај Нангиа открива дека густата течност ги спречува “војниците” да стигнат до својата цел.

“Лубрикантите се сосема прифатливи за стандарден секс, но што се однесува до обидот за забременување, тие треба да бидат целосно исклучени”, смета урологот проф. Наѓи кој објасни дека во лубрикантот често се содржи хлороводородна киселина, која ги убива сперматозоидите.

Секако, ова не значи дека лубрикантите дејствуваат како контрацептиви, бидејќи тие не се развиени со таква цел.

Газираните пијалоци и слаткото создаваат вишок килограми, а тие ги убиваат сперматозоидите

“Мажите кои пијат повеќе од една чаша газиран пијалок на ден, без да сакаат ја намалуваат подвижноста на сперматозоидите”, пишуваат во научна студија лекари од Универзитетот Рочестер во 2014 година.

Примањето на големи количини шеќер од пијалоци или храна води до инсулинска резистенција – состојба при која клетките не можат да прифатат гликоза од крвотокот. Ова води до воспаленија, штетни за мобилноста на сперматозоидите.

Другиот проблем на газираните пијалоци е дека често се причина за прекумерна тежина кај посилниот пол. Вишокот килограми го намалуваат производството на тестостерон и предизвикуваат зголемување кај нивото на естроген. Во таква ситуација женскиот хормон ја попречува машката плодност.

Присуството на повеќе масти во интимната област би можело да ја подигне температурата во скротумот, убивајќи ги сперматозоидите. Жегата дефинитивно не е нивниот прв пријател.

Смартфоните ги бомбардираат сперматозоидите со радијација

Близината помеѓу тестисите и мобилниот телефон би можела да влијае лошо на машката плодност, пишуваат британски медицински лица во Журнал “Science Direct”. Радијацијата која смартфоните ја произведуваат, може да предизвика мутации во ДНК на спермата. Од друга страна топлината која графички ја оддаваат, исто така, не е погодна за малите сперматозоиди.

Лекарите советуваат да го држите телефонот настрана, кога не го користиме. Најдобро во торба, поголем паричник или на место, далеку од нашите тела и најмногу на растојание од интимната зона.

Алкохолот не нуди алтернатива

Шише пиво или чаша со вино не би наштетиле на плодноста. Но поредовното пиење сигурно би можело да го одврати создавањето на следната генерација, намалувајќи ги значително сперматозоидите во семената течност.

Пиењето на 25 или повеќе пијалоци во рамките на недела ја оштетува спермата, скратувајќи на бројот на сперматозоидите, пишува во данско истражување, предводено од новинарот и експерт по трудова медицина проф. Тина Џенсен.

“Мажите кои вртат 40 пијачки за недела имаат 33% помалку сперматозоиди и со до 51% повеќе понеспособна семена течност спрема другите господа кои пијат максимум 5 чашки за 7 дена”, смета проф. Џенсен. Според неа алкохолот е токсин кој влијае лошо на целиот организам, го оштетува мозокот и дури и го намалува нивото на тестостерон во телото, што како што веќе знаете се одразува лошо на машката плодност.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

ИЈЗ: Нови 44 случаи на голема кашлица од 5 до 11 април, вкупно 443 заболени

Нови 44 случаи на голема кашлица се пријавени од 5 до 11 април, со намалување од 10,0 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје. Пријавени се случаи и во Битола - четири и по еден случај во Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 75 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Од новите 44 случаи, два се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

- Заклучно со 11 април, во Северна Македонија се регистрирани вкупно 443 случаи на голема кашлица, со инциденца од 24,1/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 355 или 80,1 отсто со зафаќање на шеснаесет различни општини. Од територијата на ЦЈЗ Куманово се пријавени 25 лица, од ЦЈЗ Битола 19, 17 лица од ЦЈЗ Тетово, од ПЕ Гостивар - пет и од ЦЈЗ Кочани и ПЕ Кратово по три случаи. По два случаја се регистрирани во Крива Паланка, Дебар, Струга, Пробиштип, Велес и во Струмица, а по еден случај е регистриран од Кичево, Прилеп, Кавадарци и од Гевгелија, пишува во извештајот.

Од вкупниот број регистрирани случаи - 433, 263 или 59,4 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување, изнесува 12,9 години.

Од заболените, хоспитализирани се 60 лица и тоа 49 од нив на возраст до четири години.

Дадени се вкупно 39.031 доза вакцина што содржи компонента против голема кашлица во периодот од 18 јануари до 11 април. 

Овие намирници го зајакнуваат имунитетот и ги ублажуваат симптомите

Иако пролетта носи многу прекрасни работи и позитивна енергија, луѓето кои страдаат од алергии се на мета на алергиите и така започнува нивната агонија. Алергиите се резултат на преосетливост на имунолошкиот систем, што предизвикува ослободување на штетни хистамини. Тие можат да влијаат врз целото тело, особено на кожата, очите, носните прооди и белите дробови.

Симптомите на алергија се јавуваат кога вашето тело реагира на алергените во телото со производство на хемикалијата наречена хистамин која помага да се потисне алергенот. Имуниот систем предизвикува алергиска реакција преку производството на антитела на имуноглобулин Е (IgE) кои предизвикуваат широко распространети симптоми.

Пример симптоми

- течење на носот, сугреб, чешање, затнат нос

- исип на кожата, црвенило, сувост, лупење или чешање

- печење или чешање во устата и усните

- отекување на јазикот, усните, грлото или лицето

- гадење и повраќање

- грчеви во стомакот

- кашлица

Овие се најдобрите прехранбени продукти кои треба да ги вклучите во својата исхрана за да се справите со алергиите:

1. Белиот лук

Природен антибиотик кој помага во борбата против инфекции, вируси, дури и алергии. Дневното консумирање или цедење на сок од две сурови чешки од овој моќен антиоксидант може да го засили имунитетот.

2.Лимон и лимета

Одлични за засилување на имунитетот и се користат за разни заболувања, вклучувајќи ги и алергиите, бидејќи се полни со витамин C и антиоксиданти кои го засилуваат имунитетот. Водата со лимон го прочистува телото од нечистотии. Помешајте сок од лимон со маслиново масло како дресинг за салата.

3. Зелените лисни зеленчуци

Спанаќ, кељ, зелка и рукола се одличен извор на важни витамини, минерали, антиоксиданти и ензими кои помагаат во детоксикацијата и намалувањето на воспалението.

4. Храна богата со пробиотици

Пробиотичката храна (кефир, кисело млеко, кимчи, јогурт, сирење, мисо и комбуха) го подигнуваат имунитетот и може да помогнат во регенерацијата на оштетената цревна мукоза.

5. Кокосово млеко

Најдобрата алтернатива на кравјото млеко, бидејќи не содржи млечни производи, лактоза, соја, ореви и житарки.

6. Путер од бадеми и семки

За луѓе алергични на кикиритки и путер од кикиритки, путерот од бадеми е безбедна и здрава алтернатива која обезбедува здрави незаситени масни киселини, влакна, минерали како и рибофлавин и магнезиум, па дури и некои антиоксиданти.

7. Ленено семе, чија, семе од тиква и сончогледово семе

Одлични извори на здрави масти и влакна.

8. Коприва

Листот на коприва природно ги контролира хистамините, затоа се препорачува од страна на се повеќе лекари да се земе лиофилизиран препарат пред почетокот на сезоната на поленова грозница. Може да се користи и како чај или во форма на тинктура, вклучувајќи и хомеопатски лекови.

Популарно