Има 121 година, одгледува кокошки и планира да си „гази“ барем до кај 125

121-годишниот Мануел Гарсија Хернандез има шанси да е најстариот човек на светот кој со својата длабока старост би влегов во Гинисовата книга на рекорди.

На свои 121 година се грижи за кокошки на семејна фарма во Веракруз, Мексико. Тој е осум години постар од Масаз Ненаке од Јапонија, кој во моментов го држи Гинисовиот рекорд како најстар човек во светот.

Овој Мексиканец не се обидел да го официјализира податокот и да влезе во Гинисовата книга на рекорди. За него, годините се само број. Гарсија вели дека не чувствува дека има повеќе од 80 години. Тој додава дека само жали за двете работи во животот – дека го изгубил својот татко во раните години и дека повеќе не може да работи.

Иако веќе нема работа, тој се грижи за кокошките и ја дели куќата со неговата ќерка Тома.

„Среќен сум, но се чувствувам уморен. Се трудам, работам, бидејќи ако останам да лежам во кревет или да седам во фотелја, можам да се разболам. Јас би сакал да работам како што сум навикнат, во полињата да заработувам, но не можам. Тоа ме прави тажен. Како млад работев напорно“.

Се оженил на 45 години со Росма Медино, која во тоа време имала само 13 години. Тие имаат пет деца, 15 внуци и 6 правнуци. Во брак биле речиси седум децении, додека Роса не умрела пред осум години. По нејзината смрт, Гарсија се преселил во куќата на неговата ќерка Тома, која има 54 години.

Ако се утврди дека Гарсија навистина има 121 година, тој ќе биде официјално најстар човек во светот.

Гарсија го изгубил прстот на 80-годишна возраст, но има многу добро здравје. Се движи изненадувачки брзо, гледа добро, иако пред три години правел операција од катаракта. Тој се надева дека ќе дочека 125 години, а како причина за долг живот вели дека е добар сон, рано станување, здрава исхрана, земање витамини и работа.

Секое утро станува во 5:30 часот, денот го започнува со банани и смути од јаболко, а потоа појадува овесна каша и две јајца. Потоа оди да направи обиколка кај кокошките.

„Понекогаш тој ми кажува дека неговата свеќа се забавува, но јас не мислам така. Тој е сѐ уште е жив и среќна сум поради тоа“, вели неговата ќерка.

Денес е Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението

Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Овој е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, Го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. За нас, па, ова е ден за сози на љубовта и благодарноста.

Велика Сабота е определена како Ден за чување на гробот. Денес сите сме крај Христовиот гроб. Се поклонуваме пред Плаштаницата, на која е претставено телото Господово при погребението, и положено во гробот. Тоа е украсениот гроб Христов, на сред црква, пред кој стоиме и молчешкум се молиме. Се протнуваме под неа на колена, со понизност. Го чекаме Воскресението. Ова е ден за прославување на неискажливата љубов од Богочовекот кон луѓето. Велика Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение. Смртта не може да Го задржи самиот Живот – Животодателот. Саботата е денот кога, во почетокот, Бог, откако го завршил создавањето на светот и човекот, видел дека е сè добро и се успокоил, се одморил, отпочинал и овој ден станал ден на покојот. Исто така и Христос го завршил Своето богоспасително дело до Петокот попладне и во Саботата, успокоен, во божествен покој лежел во гробот, заспан во смртен сон. Велиме заспан, затоа што и Он така рече за умрената девојка која ја воскресна од мртвите, а на луѓето што плачеа им рече: „Девојката не е умрена, туку спие“ (Матеј 9, 24; Марко 5,39; Лука 8,52). 

Велика Сабота е крајот на празничноста на саботата, оттогаш престанува саботата да биде основниот празник, бидејќи потоа ќе се празнува неделата – денот на Воскресението и спасението, денот на христијанството и на новата ера, денот по Христа. Денес одбележуваме три вашни настани: упокоението и престојот на Христа во гробот, чувањето на гробот со стража и Христовото слегување во адот (пеколот) и отворање на рајот. Богослужбата е поврзана со содржините од Библијата. Најпрво, пред плаштаницата, се читаат текстови од пророкот Језекиил: пророштвото за воскресението од мртвите (Језек. 37,1-14), а по нив, Апостолот ни кажува за тоа дека треба да го отфрлиме стариот квас, „оти Христос, Пасхата наша, се закла за нас“ – „Христос нè искупи од клетвата на Законот“ (1. Кор. 5,6-8; Гал. 3,13-14) и најпосле, Евангелието говори за запечатувањето на гробот и поставувањето стража (Матеј 27,62-66). На Литургијата, пак, се чита Евангелието за Христовото воскресение (Матеј 28,1-20) и богослужбено оттогаш започнува Воскресението.

Во Ерусалим, на Велика Сабота, во гробот Господов, катагодина се случува чудо: Бог го дава Светиот благодатен оган на Ерусалимскиот патријарх и преку него, на сите луѓе. Од гробот Христов, верниците го разнесуваат огнот до сите домови во Светата Земја, а поклониците (аџиите кои биле таму) го носат низ целиот свет. Цел свет се осветлува со светлината на Христовото воскресение и светлината на Христа – Сонцето на правдата и радоста. На трпезата строг пост. Велика Сабота е единствената сабота во годината, кога постот е строг и не се јаде зејтин. Но, за поткрепа на оние што се на целодневната молитва, допуштено е и вино.

„Да се биде претприемач значи да најдеш начин да направиш нешто, а не да најдеш изговор“ – Втора епизода од поткастот „Гласот на МААА“

Вториот поткаст на „Гласот на МААА“ на Македонско-Американската Алумни Асоцијација (МААА) носи наслов „Младите и можностите за претприемништво“.

Дали земјава има потенцијали за претприемништво на младите, ако знаеме дека сме лидери со младинска невработеност? Со таа дилема започна вториот поткаст кој го модерираше Ана Зафирова, новинарка и членка на МААА. Заедно со неа во поткастот учествуваат и Моника Ризовска Таневска, претседателка на Women in Tech Macedonia и ко-основач на Ways2Help и Данчо Димков, претприемач, автор на претприемничка литература, основач на неколку компании а, меѓу нив Bizz Bee Solution.

Низ своите инспиративни лични приказни соговорниците го приближија претприемничкиот животен пат и искуствата кои ги имале.

„Претприемништвото ми помогна за да си го откријам моето „зошто?“. Низ животот има одредени работи што нè трошат, а одредени што нè полнат. Токму претприемничкиот дух ме принуди да се прашам, што е тоа што ми ја дава енергијата и да сфатам дека сум од оние луѓе кои ги исполнуваат работите со кои оставам импакт, кога правам нешто добро. Со Ways2Help им помагаме на социјално загрозени семејства, и тие мали чекори кои ги правиме, ми помогнаа да се спознаам себе си“ – вели Моника Ризоска Таневска.

Според Данчо Димков претприемничките вештини се учат, но подготвеноста за преземање ризици е таа која турка напред. Затоа тој ги охрабрува младите да влезат во таа приказна, да не бараат оправдувања и изговори, затоа што кога си млад ризикот е помал и учиш.

„Ако сакаш да направиш начин, ќе најдеш начин, ако не сакаш да го направиш, ќе најдеш изговор. Затоа што многу поедноставно е да ја обвинуваме државата или инфраструктурата дека е виновна за нешто, отколку да бидеш претприемач и да најдеш начин како да го совладаш предизвикот. Тоа значи hassle, се обидуваш, заобиколуваш, прекокнуваш проблеми, бараш надворешна помош, со цел да најдеме начин како да ги решиме проблемите и да изградиме подобра заедница за сите нас.“ – вели Димков.

За среќа на честите натпревари, хакатони и акцелератори и Ризовска и Димков гледаат „гладна младина“ која сака да создава и да прави убави работи, но се согласуваат околу предизвикот како таа младина треба да се задржи во земјата и да продолжи да создава тука, дома.

„Сите настани кои ги организираме со Women in Tech Macedonia, се пополнети во најкус рок значи има интерес и ентузијазам“ споделува Ризовска Таневска.  

Се надеваат дека тој интерес ќе биде пресретнат и со погодна клима и веруваат дека знаењата кои тие ги имаат ќе им бидат од полза на идните претприемачи кои ќе треба да извршат влијание и ќе направат општествени промени во нашата земја.

Ова е вториот од серијалот поткасти на МААА, насловен „Гласот на МААА“ во рамките на проектот „Алумни поттикнуваат волонтерство и воннаставни активности“ и е достапен на следниот линк: 

За дополнителни информации, Ве молиме контактирајте со Зорица Трајкова Стрезовска, претседателка на МААА, на email [email protected] или на телефонскиот број 078/29 79 30.

Со почит,

Македонско-американска алумни асоцијација

Ова е единственото масло што треба да го јадете!

Дали знаете кое масло е најдобро за вашето срце? Кардиологот Џон Кан од Американската Асоцијација на Кардиолози го има одговорот.

Се работи за органското ладно цедено маслиново масло. Според Кан, доколку ги замените разните путери, маргарини, свински масти и слично со органско ладно цедено маслиново масло, го намалувате ризикот за срцев удар за цели 25 проценти!

Ниедно друго масло не содржи толкава количина на монозаситени масти, кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта, тврди Кан, кој е поборник за медитеранска исхрана. Медитеранската исхрана подразбира консумирање на поголеми количини на зеленчук, овошје и јаткасти плодови, како и што поголема замена на црвеното месо со риба.

На прашањето што мисли за кокосовото масло, Кан само кратко одговори дека во медитеранската исхрана не се употребува кокосово масло.

Имајте ги овие информации во предвид следниот пат кога ќе одите да пазарувате, но внимавајте - ладното цедено масло во супермаркетите нема врска со вистинското и кавлитетно органско маслиново масло, кое за жал можете да го купите само од луѓе кои го произведуваат за сопствени потреби, а цената му е неколку стотици евра за само неколку литри!

Популарно