ВИДЕО: Елтон Џон и Дејви Бекам се „бакнале” во уста а потоа славниот музичар почнал да се оближува

Не се случува често да добиете можност да го бакнете славниот фудблер, па е тешко да му се замери на Елтон Џон што сакал да го продолжи тој момент, оближувајќи ги усните, пишува The Sun.

После кралската венчавка, Дејвид Бекам и Елтон Џон тргнале да се поздрават со бакнеж во образ, но во сеопштата навалица сето тоа завршило со бакнеж во уста.

Многу повеќе внимание, од самиот бакнеж, предизвикло тоа што Елтон Џон после случајниот бакнеж почнал да се оближува.

Секако, интернет подготвен ја дочека оваа ситуација.

„Бакнежот во уста помеѓу Елтон Џон и Дејвид Бекам бил во ред се’ додека Елтон Џон не почнал да се оближува“ бил само еден од коментарите, додека други изразувале жалење што не се на местото на Елтон.

И’ сето тоа се случило пред сопругот на Елтон, Дејвид Фурниш.Но, она што е повпечатливо од снимката е колку е Елтон Џон (73) остарен и изнеможден, без сила…

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Популарно