Сопругот на брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ пуштен од притвор: Зоран на слобода изгледа непрепознатливо

Зоран Марјановиќ, сопругот на брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ, денеска излезе од притвор во кој беше од 15 септмеври минатата година.

Зоран просториите на затворот ги напушти во 16.50 часот, а го пречека адвокатот Стефан Јокиќ.

Марјановиќ изгледа значително поинаку отколку јавноста што го памети пред да оди во притвор.

Имено, тој е избричен и речиси келав но со насмевка го напушти притворот во кој беше од 15. септември.

Имено, Апелациониот суд ја усвои жалбата на бранителите на Марјановиќ и го преиначи решението на Вишиот суд со кој притворот му беше продолжен на 25 јуни, рече протпаролот на судот Мирјана Пиљиќ.

Адвокатот Зоран Марјановиќ за српски Курир изјави дека семејството нема да се огласува во медиумите во овој период.

-Зоран и семејството Марјановиќ до завршувањето на постапката нема јавно да се изјаснуваат по повод постапката. Затоа ги молиме претставниците на медиумите да ја почитуваат нивната приватност и за сите информации за предметот да се обратат до нивните адвокати, се наведува во соопштението.

Марјановиќ во притвор беше од 15 септември минатата година. Вишото јавно обвинителство во Белград инаку по дополнението на истрагата, покрена ново обвинение против Зоран Марјановиќ со кое го товари за свирепо убиство на сопругата Јелена на насипот во Борча на 2. април 2016 година.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно