Кога раперот Дон Деј почнал да снима видео спот на една атрактивна локација во близина на водопад не знаел дека ќе се случи голема трагедија која ќе ја снимат камерите.
Имено, Карлос Понтун допатувал во Еквадор со група туристи, но одлучил од водопадот Laguna Salto de Oro да скокне во смрт. Да биде уште полошо во тој момент Дон Деј снимал спот за новата песна.
Тој бил свртен со грб, па не видел ништо, но неговите соработници може да видат како човеот паѓа во водата.
Сите истрчале да го спасат несреќниот човек, но било предоцна.