ФОТО: Твитерџиите го „уништија“ Шилегов за комарците

Скопјани веќе подолг период се жалат од состојбата со комарците, а сега Твитер гори од реакции и коментари, како и шеги по веста на Град Скопје дека прскаат против комарци но не се слушаат.

ФОТО: Кој да ги казни полицајците кои казнуваат додека прават прекршок?

Полициско возило паркирано на велосипедската патека на булеварот Кочо Рацин во Скопје денеска запираше и казнуваше граѓани за направени сообраќајни прекршоци.

Полицајците беа паркирани долж велосипедската патека, па граѓаните кои минуваа со велосипеди мораа да се движат по булеварот за да ги одминат. Дел од граѓаните ги предупредуваа дека тие кои казнуваат прават сообраќаен прекршок со тоа што се неправилно паркирани. Но, полицијците и покрај тоа не го тргнаа возилото, туку им велеа на граѓаните да не ги сликаат и дека ќе им пишат казна бидејќи возат без заштитна кацига. Според правилникот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, велосипедистите не се задолжени да носат кациги, туку тоа е нивни избор.

Град Скопје пред една недела заврши со реконструкција на булеварот Кочо Рацин, при што беше направена велосипедска патека од двете страни на коловозот.

Скопје за почетници: Меракот нема свое време

Исто како во описите на Виена, и во Скопје постоеле квартови на пpocтитуцијата, за која иронично се користеле воени термини: „тешката артилерија“ се наоѓала во централното подрачје, („Венеција“, „Марс“, „Дубровник“), „пешадијата“ била на споредните улици на градот и во чаршијата. Работниците од скопскиот монопол најчесто оделе во јавните куќи во уличките околу Зеленото пазарче („Рудник“, „Косово“). За елитата биле користени и некои познати хотели

Скопските фотографи многу рано, особено во периодот меѓу двете војни, потајно започнале да изработуваат еротски фотографии и скришно да ги дистрибуираат. Во однос на еротиката, сексуалните слободи и моралот, многу понапред во тоа време не биле ниту големите градови во Средна и Западна Европа. И таму еротиката и покажувањето најмал разголен дел од женското тело претставувале табу-тема. Било да станувало збор за женската мода или за друг сегмент од животот и начинот на однесување. Тоа особено важело за претфројдовскиот период, но и потоа. Големиот писател и естета Штефан Цвајг, зборувајќи за својата младост во Виена од почетокот на 20 век, изнесува речиси фрапантни податоци за табу-темите, за лажниот и двоен морал што владеел тогаш.

Тој опишува дека женската мода во тоа време била како оклоп, не смеело ништо да се види и да биде разголено од женското тело. „Така витешки облечената жена веќе не можела да се движи слободно, полетно и грациозно, секое нејзино движење и однесување во таква облека станувало вештачко, неприродно, противприродно“. Корсетот морал силно да биде стегнат, жената носела безброј елеци и елечиња, разни додатоци и здолништа „сѐ додека не исчезне и последниот остаток од нејзиниот женски облик“. Скандал предизвикал и настапот на славната балерина Исидора Данкан, кога во една претстава наместо со свилени чевличиња, се појавила да танцува боса, со голи стапала! Подоцна било соблазнително ако жените возеле велосипед или премногу разголени се појавувале на плажа. Ако така било во Виена, што би можело да се рече за патријархалниот Балкан, а во тој контекст и за Скопје? Сепак, прифаќањето на европската мода кај нас имало предност, особено преоѓањето од ориенталното облекување „а ла турка“ во еден нов европски дух.

Но, како што вели и Цвајг, и самата Европа си имала проблеми при ослободувањето од лажниот морал. Што се однесува да еротиката, сексуалноста и табу-темите, според Фројд, со секое одбегнување на проблемите, тие се потиснуваат во потсвеста, каде што стануваат уште поопасни. Момчињата биле во некаква предност, бидејќи на девојките им било забрането или ограничено излегувањето.

Така се јавил и двојниот морал. Од една страна се претерувало со строгоста, а од друга страна се јавил (не)моралот односно проституцијата, пред која се замижувало, а во која најчесто биле вмешани и високите кругови. Исто како во описите на Виена, и во Скопје постоеле квартови на проституцијата, за која иронично се користеле воени термини: „тешката артилерија“ се наоѓала во централното подрачје, („Венеција“, „Марс“, „Дубровник“), „пешадијата“ била на споредните улици на градот и во чаршијата. Работниците од скопскиот монопол најчесто оделе во јавните куќи во уличките околу Зеленото пазарче („Рудник“, „Косово“). За елитата биле користени и некои познати хотели.

Посебна тема се еротските фотографии бидејќи „еротската фотографија е уметничка форма, која ги нагласува убавината и еротизмот на телото, а сликањето на голото тело е уметнички и креативен чин“! Првпат еротски фотографии се појавиле кај нас во периодот меѓу двете светски војни. Инаку, првата еротска фотографија е направена уште во 1850 година во Франција. Во Скопје ги изработувале професионални фотографи во своите студија или на места што биле посебно одбрани.

Тогаш, се разбира, тие можеле да се видат главно скришно, бидејќи секаква дистрибуција била забранета. Да се потсетиме само на случајот со нашиот славен сликар Никола Мартиновски, кој во скопската кафеана „Океан“, пред војната, насликал уметнички еротски сцени. Дошла полиција и барала разголените женски тела веднаш да бидат премачкани, инаку на сликарот му се заканувала казна затвор. И денес, во 21 век, еротското предизвикува слични парадоксални ситуации, иако не во таква форма како порано (на пример, облекувањето на голата машка фигура во денешниот парк „Жена-борец“).

Кон крајот на шеесеттите и во седумдесеттите години, во Скопје редовно се дистрибуираа првите еротски списанија, кои тогаш започнаа да излегуваат. Во шеесеттите години започнува всушност и „сексуалната револуција“, борбата против бесмислените забрани и табу-теми, поинаков пристап кон сексуалноста и еротиката. Во нашата рана младост, дури и бакнежите на филмското платно беа цензурирани („Уа, шнајдери“!) Првите еротски списанија беа вистинска сензација.

Многуте од нив сѐ уште стојат заборавени по таваните и подрумите. Тој бран сигурно беше ехо од барањата за сексуалните слободи во светот за кои многу се зборуваше и кај нас. Пионерската улога ја одиграа неколку списанија. Најпрвин, белградското списание „Чик“, кое на почетокот излегуваше под името „Чик погоди“ во 1968 г., а потоа како „Чик“, главно со еротски фотографии, но и со други содржини. Подоцна, тоа се печатеше во печатницата на „Нова Македонија“, веројатно поради пониските цени, со што се остваруваше поголема продажба на пазарот. Главно имаше разголени странски старлети, бидејќи ретко која од домашните девојки се осмелуваше, дури и полуразголена, да се појави во такво списание! Подоцна, и тоа „табу“ беше надминато.

Моите пријатели што денес се сеќаваат на тој период велат: „Откако ќе го прочитав списанието, го сокривав под душекот. Немаше ништо страшно и непристојно во него, но се срамев да не ме исмејуваат домашните“. Речиси во исто време се појави уште едно списание со еротски содржини што направи вистински бум на пазарот, а тоа во голем тираж се продаваше и во Скопје.

Станува збор за магазинот „Старт“. Тој направи еден друг вид револуција: првпат започнаа да се појавуваат разголени домашни старлети, што предизвикуваше уште поголема сензација. Во аналите е запишано дека прва со такви еротски фотографии се појави Славица Радиќ Еклстон, а потоа Дијана Беќиревиќ и Сузана Манчиќ. Дијана стана голема ѕвезда, вистинска еротска хероина, а за Сузана велат дека секогаш имала посебно барање пред да се направат еротските фотографии со неа. Таа велела: „Да имам барем нешто облека на себе“.

ФОТО: Шилегов објави адреси и матични броеви на таксисти!

„Изречени казни по 500 евра на несовесните таксисти. Такси станицата кај Сити мол мора да се почитува. Ред мора да има!!!“, напиша на Фејсбук скопскиот градоначалник Петре Шилегов, споделувајќи фотографии од изречените казни.

Покрај многуте коментари дека казните се превисоки/престроги и дека и оваа власт, како и сите други, најдобро знае само да казнува, дел од граѓаните го потсетија Шилегов дека казнетите таксисти можат слободно да го тужат, па со парите (од граѓаните, секако) да си ги платат казните, бидејќи Шилегов, или одговорниот за ПР на социјални мрежи од неговиот кабинет, казните ги објави сосе личните податоци на казнетите таксисти – од име и презиме, па до адреса и матичен број….

Ако ништо друго, барем казните вродија со плод, за разлика од пред некој месец кога Шилегов се обидуваше лично да ги заплаши таксистите

Популарно