Земјотрес во Фиџи

Јачината на земјотресот кој го погоди Фиџи е 8,2 степени

Земјотресот предизвика големи бранови , но нема аларм за големи цунами – бранови . Од америоканскиот Геолошки институт велат дека земјотресот бил со епицентар на длабочина од 560 километри на 280 километри североисточно од островот Ндои. Земјотрес од 8,2 степени го погоди Фиџи"

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо

Министерството за правда преку писмено соопштение информираше дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Претходно министерот за правда Кренар Лога на социјалните мрежи потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски.

„Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда.“

Љупчо Палевски е осомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панчо Жежовски.

 

Ја претепале малолетната ќерка и сестра

Двајца неготинци синоќа биле лишени од слобода поради напад врз малолетната ќерка и сестра, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Во 23.10 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Г.З., на возраст од 50 години и В.З., на 24-годишна возраст, двајцата од овој град, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнале нивната малолетна ќерка и сестра. Г.З. и В.З. биле задржани во полициска станица, известени биле јавен обвинител, Центарот за социјални работи. По документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од СВР Велес.

Претходно, во 09.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода кавадарчанецот М.Т., на возраст од 30 години, постапувајќи по претходна пријава од неговата 30-годишна сопруга, дека во семејниот дом физички ја нападнал.

М.Т. бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инцидент на Скопскиот аеродром

На 29.04.2024 во 05.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(43) од Република Србија, затоа што во терминалната зграда го оштетил стаклото на заштитната врата.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.  

Популарно