ФОТО: Славниот пар ги растопи Инстаграмџии со несекојдневна заедничка фотографија

Откако се смирија, манекенката Џиџи Хадид и пејачот Зејн Малик, својата врска ја држат подалеку од очите на јавноста, за разлика од првиот пат кога беа заедно.

Да потсетиме, во март оваа година, парот ја прекинал својата 2-годишна врска, но само три месеци подоцна, Џиџи на своето Инстаграм-стори потврди дека се смириле.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🌴🌴🌴

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on

Оттогаш ретко се појавуваат заедно во јавност, а се воздржале и од бјавување на слатки, романтични фотографии на социјалните мрежи, за разлика од пред нивниот прекин, кога непрестајно објавувале заеднички фотографии.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

flyin home to my happy place ❤️

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on

И покрај нивното смирување, ниту еден од нив не објавил заедничка фотографија, сè досега.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

missing mine 😊

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on

„Летам на своето среќно место“, напишала Џиџи во описот на фотографијата на која позира во прегратките на Зејн и ги растопи Инстаграмџиите. Фотографијата за само десет часа собрала пет милиони лајкови, што е доказ дека и нивните обожаватели едвај дочекале повторно да ги видат среќни и заљубени.

 

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Популарно