Од Анима Мунди порачуваат “Пријавете злоупотреба на животните“

Здружението за заштита на животни „Анима мунди", информира за два случаи на насилство врз животни, кои биле извршени во ист ден и за нив бараат итна истрага и казна за извршителите. „Загрижени граѓани ни доставија видео материјали за случај во Зелениково, каде повозрасен "човек" со ножици сече уши на куче во двор! И случај во Велес каде малолетник бездушно неколку пати крвнички удира мало кутре кое едвај тежи 5 Нагласуваме дека случајот во Велес не е изолиран, бидејќи во пораки ни стигнуваат сè повеќе и повеќе видеa од истиот малолетник како малтретира животни" велат од „Анима мунди".За двата случаи, како што информираат, известена е полицијата и АХВ, а за случајот во Велес дополнително ќе бидат известени и социјалните служби.

„Им благодариме на загрижените граѓани, кои ни ги испратија видео материјалите и жалиме што морале да посведочат на одвратните настани, кои за жал веќе се секојдневие кај нас. Ова веќе е црвен аларм дека навистина институциите вклучувајќи ја и полицијата мора да се посветат на спречување и казнување на насилството. На малолетникот и на неговите родители мора да им се предочи сериозноста и кривичниот карактер на деликтот додека не е предоцна. Дека имаме сериозен проблем сведочи и тоа што неговите другари, 15 годишници неговото девијантно однесување го оправдуваат со тоа дека кучето е негова сопственост. Зарем можете да спиете мирно додека малолетници кои треба да бидат нашата иднина сметаат дека насилството врз животно може да се оправда со тоа што малтретираното животно е во сопственост на неговиот мачител. Што ќе биде кога истите тие деца ќе бидат родители?" прашуваат од здружението. За жал, како што велат оттаму, убиецот на Идриз , кој го обезглави среде ден помина само со казна од 1000 евра.„Зарем за вакво опасно однесување постои цена која може да се плати? Дали безбедноста на останатото население има цена? Ова се монструозни дела, а за жал ниту се први ниту последни во нашава држава и не смеат повеќе да бидат игронирани! Тие се дрзнуваат да мачат и убиваат животни зошто не чувствуваат закана од институциите и законите и од ништо не се плашат! Во Македонија нема одговорност за убивање на животни! Дали имаме намера конечно да станеме правна држава?" оценуваат од „Анима мунди".Здружението ги повикува институциите итно да започнат со сериозни истраги, најстрого да ги казнат сторителите, затоа што, како што велат, ваквите индивидуи се закана по безбедноста и животот на секое битие, независно дали животно или човек

Вознемирувачко видео: Куче фрлено од зграда во Тетово

На социјалните мрежи се шири вознемирувачко видео на кое се гледа како куче паѓа од балкон на зграда, од голема висина.

-Педесет и осумгодишниот тетовец Ѓ.З. вчера (22 март) во 18 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот од балкон на зграда во изградба на улица “Благоја Тоска” во Тетово,, спроти зградата во која тој живеел, од шесттиот кат паднало куче и набргу потоа yгинало. Кучето, според пријавеното, во објектот се обидувале да го заловат двајца тетовски пожарникари. Се расчистува и документира случајот, велат од МВР.

На видеото може да се чуе плач на кучето пред да падне од голема висина, а од зградата се слушаат гласови.

Почина вработен во скопската зоолошка, неколку часа по него угина жирафата која ја чуваше

На 44-годишна возраст почина зоо-негувателот Ристе Трајковски, познат по љубовта и негата што им ги посветуваше на жирафите во скопската зоолошка градина.

За неговата приказна и поврзаноста со жирафите пишуваше и британски „Дејли стар“.

Тажната вест брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што од Трајковски се збогуваат неговите блиски, пријатели и почитувачи.

Неколку часа по неговата смрт, угина и жирафата која тој ја чуваше во скопската зоолошка.

Видео: „Најосамениот лав на светот“ пуштен на слобода

Рубен, „најосамениот лав на светот“ кој беше затворен во зоолошка градина во Азербејџан, конечно ја вкуси слободата.

Животното старо 15 години последниве шест години ги мина сам во тесен кафез. Својот нов живот ќе го продолжи во резерват за диви животни во Јужна Африка. Ова своевидно спасување почна откако беше откриено дека Рубен е единственото животно останато во зоолошката градина по смртта на бизнисменот кој беше нејзин сопственик.

Меѓународната организација за заштита на животните – АДИ, (Animal Defenders International) со седиште во Велика Британија, покрена иницијатива за префрлање на Рубен од малата куќарка каде што го минал животот, во дивината, но на безбедно место во Јужна Африка. Авиокомпанијата „Катар ерлајнс“ помогна во тоа.

– Бевме во солзи кога Рубен излезе од кафезот, шетајќи по тревата слободно првпат во својот живот, изјави претседателот на АДИ, Јан Кример.

Поради осамениот живот последниве години, Рубен заборавил и да рика, па АДИ се надева дека за него ќе почне „нов, среќен период на слобода“, како што изјавија оттаму. 

Популарно