Шерил Кол: "Таткото на моето дете е единствениот маж што не ме изневери"

Британската пејачка Шерил Кол, проговорила за својот љубовен живот.

Познато е дека била во брак со фудбалерот Ешли Кол, потоа со Жан Бернард Фернандез Версини исто така во брак, за по два разводи, со пејачот Лиам Пејн да го добие синот Бер. 

За жал, и врската со Лиам не траела долго, па парот по две години врска се разделил.

Изгледа дека Шерил баш и нема среќа во љубовта, а таа тврди дека токму мажите со кои била, биле причина за разделбите.

Познато е дека фудбалерот Ешли Кол ја изневерил и за тоа дознала целата јавност, а сега убавата пејачка тврди дека ја изневерувал и претходниот сопруг.

Досега останало неразјаснето зошто Шерил и Жан Бернард се разделиле, но пејачката во интервјуто за "The Sunday Times Style" ја открила причината.

Нејзината изјава имплицирала дека тој и бил неверен, иако не влегувала во детали.

"Лиам е единствениот маж кој ми беше верен", рекла пејачката.

Шерил додала дека моментално нема желба да започнува љубовна врска со било кој и дека во синот Бер крај себе го има човекот на своите сништа.

Признала дека е опседната со синот и дека токму тој бил причината поради која се оддалечила од таткото на своето дете, Лиам Пејн.

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Популарно