ФОТО: Поранешната Мис на Македонија ќе стане госпоѓа сенаторка во Америка

Поранешната манекенка Сара Леши, која откако се омажи во Америка е госпоѓа Вилис, стана мајка. Имено, минатата година бившата убавицата роди син, а нејзиниот сопруг, кој по професија е политичар, во моментов собира и лобира за гласови за свое место во Сенатот во Америка.

Сара веќе неколку години нема активни профили на социјалните мрежи и живее далеку од очите на јавноста, но нејзиниот сопруг на својата фејсбук-страница одвреме-навреме споделува нивни фамилијарни фотографии, притоа истакнувајќи колку е важно семејството во животот.

„Во љубовта на Том верувам засекогаш. Јас сум сигурна дека тој ме љуби со целото свое срце и ќе ме љуби до крајот на мојот живот, и јас него, исто така. Се омажив со него и не се откажувам, нашата љубов е поголема од кој било проблем. Откривме дека со секоја помината година, се’ повеќе сме заљубени“, изјави своевремно Сара за македонските медиуми.

Освен синот кој го доби лани со Том, со нив живеат и двете деца на политичарот од првиот брак, а посинокот Хантер пред неколку години имаше здравствени проблеми, но за среќа успешно се избори и ја победи болеста на денешницата.

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Популарно