Што велли возачот: Вака дошло до сообраќајката

Џитон Иштрефи, сопственик на компанијата Еуробус Струга, вели дека возилото техники било исправно. Додава дека нема се уште информации што точно се случило, но од разговорот со возачот бил информиран дека во критичните моменти се појавило патничко возило поради кое се случила несреќата.

„Немам точни информации што точно се случило, бидејќи не знам ништо. Колку што знаете вие толку знам и јас. Се слушнав со возачот кој ми кажа дека коловозот бил лизгав, некој автомобил одненадеж се појавил од напред и тој изгубил контрола, само толку ми кажа. Во контакт сме постојано со луѓето во Србија. Испративме друг автобус да ги преземе патниците, друго не знам“, истакна во кусиот телефонски разговор Иштрефи.

Во автобусот се превезувале 35 патници. Најголемиот дел од нив во моментот на несреќата спиеле, јави РТС. На повредените први помош им пружиле вработени од „Путеви Србије“ и возачи на други возила кои во моментот поминувале тука. Повредените се хоспитализирани во болницата во Лесковац.

Несреќата се случи во услови на снежно невреме, а истрагата треба да ги утврди причините за истата.

78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка

Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и  патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, соопштува МВР.

Почина таткото на Тоше, Никола Проески

По долго боледување, почина таткото на Тоше, Никола Проески.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. 

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше. Замина денес, на Велики четврток, после долго боледување.

Веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите:

-Светол патот, татко мој.

Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност.

Семејството Проески се уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.

Популарно