Заев: Јас сум идеален кандидат за претседател на државата!

„Јас би бил идеален консензуален кандидат за претседател, гледајќи ги рејтинзите, ама уште сум млад за да се кандидирам“, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање „дали битката за претседател ќе ја водат две дами“? (Силјановска и Шеќеринска), пренесе Телма.

Заев вели дека му се допаѓа идејата две дами да се борат за функцијата, но порачува да остават партиите да одлучат.

Инаку, двете најголеми партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ своите кандидати решија да ги избираат преку јавен оглас.

Од СДСМ се уште немаат соопштено дали се пристигнати кандидатури, велат, процесот е во тек и на партиски конгрес на 3 март ќе биде избран кандидатот. На огласот, пак, на ВМРО ДПМНЕ пристигнале 10 кандидатури од кои една по истекот на рокот. И ДУИ може на изборите да настапат со свој кандидат.

Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

Разрешен е директорот на Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје, Данил Петровски. Информацијата за МИА ја потврди самиот Петровски. 

Тој рече дека не е изненаден, бидејќи министерот за здравство Илир Демири веќе го најави неговото разрешување. За разрешувањето од функцијата, Петровски дознал денеска од вработени на Клиниката за токсикологија.

Петровски беше директор на Клиниката за токсикологија од 15 декември до денеска.

Пендаровски се откажа од државна пензија

Поранешниот претседател Стево Пендаровски се откажа од правото на користење државна пензија, и одлучил да и се врати на академската кариера.

- Кaко поранешен претседател, Пендаровски нема да ја користи државната пензија која му следува по закон, затоа што веќе се врати на својата академска кариера како професор на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје, потврдија за МИА од неговиот тим.

Претставници на Министерството за внатрешни работи ќе продолжат да го обезбедуваат поранешниот претседател во согласност со безбедносните проценки што ги прават. 

Пендаровски ќе користи и канцеларија со тројца вработени од неговиот поранешен кабинет.

-Во однос на административната и логостичка поддршка која му е потребна за средбите со поранешни и актуелни државници и за учество на меѓународни конференции претседателот Пендаровски побара од државните институции повремено да користи канцеларија, но, бидејќи таква пракса и законски основ не постои, Пендаровски во иднина ќе го искористи правото да отвори канцеларија, каде што тројца од сегашните вработени во Кабинетот, ќе бидат ангажирани во поддршка на тие активности на поранешниот претседател, се посочува во изјавата за МИА.

Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство, Пендаровски има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима шефот на државата, на канцелариски простор со најмногу тројца стручни соработници, лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач согласно со прописите што ги донесува министерот за внатрешни работи.

Правата кои произлегуваат од највисоката државна функција ги користат поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.

7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче

Денеска во раните утрински часови во СВР Охрид било пријавено дека, во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое, претходниот ден околу 16 часот, било донесено во болницата од неговата мајка.

Бебето, според пријавеното било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење, веднаш била извршена операција.

Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.

По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, соопшти полицијата.

Популарно