Врањеш: Ќе го пуштам спорното видео и ќе докажам дека сите материјали се вистински

Последниот месец актуелна тема во сите медиуми во регионот беше аферата на Јелена Карлеуша со босанскиот фудбалер, Огњен Врањеш. Имено, во медиумите се појавија експлицитни фотографии на кои наводно е српската ѕвезда, а кои наводно ги праќала на Огњен.

Карлеуша ги демантираше пишувањата дека имала нешто со колегата на нејзиниот сопруг истакнувајќи дека се е фотомонтажа и дека босанскиот фудбалер сакал да има нешто со неа.

По големиот скандал, Карлуша заедно со ќерките замина кај својот сопруг во Кина каде го прославија неговиот роденден.

По враќањето, таа не сакаше да дава никакви изјави за медиумите. По неколку снимања на „Ѕвездите на Гранд“, Карлеуша замина во Дубаи каде се наоѓаше нејзиниот сопруг, па на социјалните мрежи често споделуваше заеднички фотографии.

Од Дубаи, Карлеуша замина на настап во Берлин, а по нејзиното враќање на својот „Инстаграм“ се обрати до медиумите исктанувајќи дека поднела тужби.

„Ова е прв и последен пат да се огласувам по овој повод. Се што е досега објавувано од страна на медиумите, како моја изјава, изјава на мојот сопруг, член на моето семејство, апслутно е измислица.Пред мене стојат правни полномоштва за 120 тужби кои ги поднесов кон српските медиуми поради страшна нечовечна антикампања.

Удрија на моето име, моето достоинство, моето семејство, на моите деца, сопругот, мајката.Овде не станува збор за медиумско известување туку за грубо навредување, напад полн со лична омраза, зло и желба за одмазда“ вели Карлеуша во соопштението.

-Ќе ја уништам, го чекам судењето! Имам докази дека Јелена е на секоја објавена фотографија и снимка, и дека сите пораки таа ги напишала. Нема збор за фалсификат, порачал фудбалерот Врањеш.

Босанскиот фудбалер многу се налутил кога дознал дека Јелена Карлеуша поднела тужба против него, по што одлучил на суд да го прикаже нивното заедничко видео во кревет!

Фудбалерот на Андерлехт бил згрозен што неговата поранешна љубовница и понатаму негира дека тие биле во врска и дека сите пораки и слики кои тие двајца ги разменувале а се појавиле во јавноста се невистините. Поради тоа решил се да докаже на суд.

-Ќе го донесам видеот на суд. Ќе ја уништам, едвај го чекам судењето. Имам докази дека Јелена е на секоја објавена фотографија и снимка!Сите пораки таа ги напишала. Нема збор за фалсификат, му се доверил Огнен на еден свој пријател.

Според добро информираните извори станувало збор за експлицитно видео на кое Јелена покажала се што знае и умее во креветот.

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Популарно