ВИДЕО: Го изневерувала со неговиот најдобар пријател, па тој...

Далијана Мелеан можеби заслужила и полошо, но нејзиниот долгогодишен партнер кој не е именуван во медиумите, одлучил да ѝ се одмазди за неверството така што организирал забава на која објавил дека таа и неговиот најдобар пријател имаат афера.

Венецуелецот кратко размислувал како засекогаш да прекине со својата девојка, а таа никогаш да не го заборави тоа. Имено, како и секој изневерен човек, тој сакал да ѝ се одмазди и поради тоа организирал забава на која им приредил ноќ за паметење на сите присутни. 

Сите очекувале добра забава, но наместо тоа добиле шокантен говор од страна на домаќинот кој некаде кон половината на вечерта го земал микрофонот од музичарите и објавил дека неговата партнерка Далијана има афера со неговиот пријател со кој се дружи веќе 20 години.

Тие се забавувале две години, а потоа овој Венецуелец дознал дека е изневерен – двапати!

“Денес дознав нешто во кое што отсекогаш се сомневав”, изјавил човекот додека Далијана стоела рамо до рамо со него, без некаква идеја за она што следува.

“Алберто, те познавам повеќе од 20 години. Ти си ми пријател, но додворувањето на мојата партнерка е кукавички потег”, продолжил да зборува тој.

Потоа го подигнал телефонот на својата девојка за да ги покаже текстуалните пораки кои тие ги разменувале. Неговиот пријател Алберто Собалваро е економист и конгресмен кој е лојален на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Со самото тоа, ситуацијата станала уште посериозна бидејќи ова е прилично голема “дамка” во неговата кариера. Изневерениот маж го обвинил Собалваро дека пробувал да купи некои апартмани кои ѝ се допаднале на Далијана, сѐ со цел да ја импресионира.

“Во преписките, Далијана се интересира за стан од 40 илјади долари и тој вели дека знае кај да најде таков и дека таа ќе го добие”, решил да открие тој.

Сите присутни биле во паника, мислејќи дека сето ова ќе прерасне во физичка пресметка, меѓутоа човекот останал смирен, додека неговата “сакана” пробувала да му го земе телефонот од раце.

“Алберто, навистина сакам да ти се заблагодарам на искреното пријателство од 20 години. Исто така сакам да ѝ се заблагодарам на Далијана за лицемерните две години со мене”, уште еднаш се обратил тој пред присутните на забавата.

“Драги луѓе, Далијана и Алберто се во врска”, го завршил говорот разочараниот маж.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Цветници е единствениот празник на кој треба да работите

На самиот крај од шестата недела на големиот велигденски пост, го прославуваме и свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим. Овој празник се нарекува Цветници и секогаш се паѓа во недела.

Името „Цветници“ празникот го добил по цветното гранче палма што Исус Христос го носел во раката за време на овој свечен настан.

Иако спаѓа во еден од големите празници, па се подразбира дека на овој ден не се извршуваат големи работни обврски, со векови постои верувањето дека токму на Цветници би требало да се посади лен и зелка, бидејќи така родот на овие билки ќе биде подобар.

Кога станува збор за работењето, овој празник е исклучок, бидејќи токму на овој ден се појавува полна месечина, кога, според верувањата, умот и вештините на луѓето стануваат далеку помоќни од вообичаено. Поради тоа, на Цветници би требало да започнете некои проекти и да донесете одлуки.

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Популарно