ВИДЕО: Момче во среде емисија кажа што сака да прави неговиот татко

Во квизот на Срѓан Динчиќ -„Столици“ едно момче ги насмеа сите, најпрво екипата на емисијата, а потоа сите кои ја погледнаа емисијата.

6-годишниот Михајло ја бодрел својата мајка која учествувала во квизот. А, веќе после првото прашање како „гром од ведро небо“ извика:

„Мојот татко сака да гледа голи жени“.

Снимката од неговата реченица веднаш стана хит на интернет.

Погледнете:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

😂😂😂 Zapratite @nasmejano za još ovakvih objava! ✌🏼

A post shared by NASMEJANO (@nasmejano) on

ВИДЕО: Мајка ги оставила децата неколку минути сами ,а тие...

Стефи Ли, медицинска сестра од Тексас, на својот инстаграм-профил објавила снимка од своите деца, синот Теди и ќерката Елоиз на кои косата им била избричена. Теди со машинката направил дупка на главата, а ништо подобро не поминала ниту неговата помала сестра. На двајцата им недостасувал поголем дел од косата на главата.

Малиот Теди успеал да ја земе електричната машинка за бричење на неговата мајка, додека таа не гледала. На почетокот Стефи вели дека плачела кога ги видела нејзините деца со новите фризури, но на крајот од денот признала дека ѝ доаѓале моменти на смеа.

„Во ред е, тоа е само коса. Ќе ви порасне нова. Мама не се лути. А зошто му дозволи на брат ти да те истриже?“, ја праша Стефи својата ќерка, на која воопшто не ѝ се допаднала новата фризура.

„Изгледам како машко. Можеш ли да ја ставиш твојата коса на мојата глава“, ја прашала Елоиз својата мајка.

ВИДЕО: Толку се збуни што не знаеше каде да гледа

Весна Дамјаниќ водителката на Дневник на РТС за време на емитувањето на емисијата ја збуниле камерите, а нејзината реакција насмеала многумина.

Имено, за време на пренесувањето на вестите од светот, Весна прво гледала во една камера, а потоа во друга, за на крај повторно да се врати на првата. Очигледно дошло до недоразбирање со камерманите, бидејќи не сфатила дека цело време гледа во погрешна камера.

Секако, вакви грешки се нормални, како и во секоја друга работа, меѓутоа на Дневник ретко се гледаат, па можеби поради тоа, оваа снимка привлекла големо внимание.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Popizdela je 😅😂😂😂 #rts #jutarnjidnevnik #lol

A post shared by Strahinja Paravina (@paravina) on

Популарно