ЖИВО: Тамата сепак слета во Скопје

 Тамара Тодевска која со песната „Proud“ го освои осмото место на евровизиското финале во Тел Авив, што е најголем успех за земјава досега на Евросонг, вечерва се врати во Скопје.

На Меѓународниот аеродром Скопје, Тамара и нејзиниот тим беа пречекани од членови на нивните семејства, обожаватели и бројни новинарски екипи.

Тамара Тодевска со освоеното осмо место го забалежа најдобриот пласман на земјава откако учествува на Евровизија од 1998 година. Претходно, најуспешен настап имаше Елена Ристеска со „Нинанајна“ во 2006 година кога беше 12-та. Последниот, пак, македонски претставник во финале беше Калиопи со песната „Црно и бело“ пред седум години на 57.Евровизија, што се одржа во Баку, Азербејџан.

Тамара синоќа на финалната вечер на Евровизија во текот на речиси целото гласање беше на врвот на табелата. По гласањето на стручните жирија заврши на второто место со 237 поени, зад Шведска со 239 бодови, но на крајот по пребројувањето на гласовите од публиката се пласираше на осмото место.

Македонија доби максимални 12 поени од Австрија, Велика Британија, Албанија, Молдавија, Србија и Швајцарија.

На годинашниот избор за песна на Евровисија што се одржа во Тел Авив, Израел, победи холандскиот претставник Данкан Лоренс со песната „Arcade“. Второпласирана е Италија, а третото место го освои претставникот на Русија. Четвртото место го освои Швајцарија, а петтото Норвешка. Во финалето настапија 26 земји, а можеа да гласаат сите учесници односно 41 земја.

Тамара четврти пат учествуваше на Евровизија, но првпат како солист.

Aвтори на песната „Proud“ со која настапи во Тел Авив се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Придружни вокали беа Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев

Биба Додева прогласена за победник, Дац протестираше на сцената!

Откако Биба Додева беше прогласена за победник во поп-вечерта на „Охрид-фест“ и се појави на сцена каде ѝ беа врачени наградите, нејзината радост на момент ја прекина актерот Драган Спасов-Дац кој обвини дека бодовите од жири-комисијата не се пресметани како што треба. 

Организаторот одлучи да се повтори гласањето, а според претходното рангирање Дац кој настапи на фестивалот во дует со Митевски се најде на второто место. По прегласувањето Биба повторно заврши на врвот.

ВИДЕО: Вале Гулабица во крвет со маж со перика!

Ја немаше подолго време или барем нас не ни излегла пред очи, но еве Вале била вредна. Снимила песна и спот, закачени на YouTube во Јули годинава.

Песната, доследна на нејзините претходни хитови. Спотот.... спотот е... спотот.... Погледнете сами:

ВИДЕО: Потпретседателот на СДСМ кога беше пејач

Авторот и ПР експерт, Коста Петров пред неколку дена беше избран за еден од потпретседателите на владејачката СДСМ.

Петров најмногу и е познат на македонската јавност по неговите книги. Тој е еден од најпродаваните автори во Македонија. Неговите „Се гледаме на врвот“, „Стравот“ се бестселери. Беше и портпарол на Министерството за здравство, кога истото го водеше актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари од Алијансата за Албанците. Тој беше и еден од авторите на евровизиската песна „Горда“, со која настапи Македонија на последната Евровизија во Израел.

Сепак во неговата биографија има и едно музичко остварување, овековечено со видео запис.

Коста Петров - Град на порази

Популарно