ВИДЕО: Младоженец нестрпливо ја чекал својата невеста, но кога се завртел се шокирал

Еден од најважните моменти во животот на секоја личност е оној кога тој го изговара познатото „судбоносно да“. Денот на свадбата е планиран детално, а импресиите се раскажуваат неколку недели подоцна.

Еден кум имал оригинална идеја, која на крајот ја направил. Имено, тој реши да го изненади својот пријател Били Хант, а видеото кое е создадено во таа прилика го насмеа целиот свет. 

Додека Били ја чекаше својата идна сопруга, бидејќи тие договорија професионална фотографија, се појави неговиот кум, облечен во убава бела венчаница со бисер во раката. Младоженецот бил збунет, а кога сфатил за што станува збор, се изнасмеал на досетливоста на неговиот најдобар пријател.

Разочарана невеста побарала помош на социјалните мрежи и станала хит

Замислете после долгата и макотрпна подготовка на свадбата некој од роднините да ви ја упропастат фотосесијата. Ниедна невеста не би го сакала тоа. 

Една невеста ги замолила своите пријатели на социјалните мрежи да и препорачаат човек кој е вешт во фотошоп за да ја отстрани роднината која ја упропастила целата фотографија од свадбата и за возврат понудила три долари. Имено, жената облекла тесен фустан кој ги истакнал нејзините џиновски гради.

„Ве молам да ги покриете нејзините гради и да го намалите нејзиниот струк“, напишала невестата.

Фотографијата завршила во групата „That’s It, I’m Wedding Shaming“ каде луѓето се потсмеваат на сметка на своите свадби.

„Ве молам да не пишувате грди коментари. Едноставно погледнете ја објавата и средете ја фотографијата ако можете и продолжете понатаму“, додала таа.

Луѓето веднаш почнале со шеги и погледнете што направиле:

ФОТО: Детенце дозна дека ќе добие брат или сестра

Многу родители смислуваат разни начини да им кажат на своите деца дека ќе добијат брат или сестра. Тие не се сигурни дали постарите деца ќе разберат што значи тоа, а најмногу стравуваат за какви емоции ќе се појават кај нив.

Едно дете радосната вест го расплака, а интернет-корисниците споделија фотографија од неговата реакција која ги воодушеви.

„Предупредување против иселување. Мора да се иселите до 19-ти октомври затоа што тогаш ќе се всели нов станар. Мама и тато “, напишаа родителите на лист хартија и ја залепија на креветчето на Барли со ултразвучна фотографија.

Фотографијата досега доби над 160.000 лајкови.

Популарно