Оваа поза може да биде „поинтересна“ (+18)

Многу мажи „доги „ позата ( doggy style) за време на сексот , ја оцениле како омилена и имаат причини за тоа. Не само што се чувствувате удобно додека сте во оваа позиција, но исто така овозможува и подлабока пенетрација. Но, дали знаевте дека постојат начини да се направи  оваа секс поза поинтересна?

Постојат многу начини да го направите  doggy style-от повозбудлив отколку што е веќе, вели сексологот Жана Врангалова. 

Подолу се наведени шест начини да се направи оваа поза поинтересна. 

Обрни внимание на клиторисот

"Ова е одлична позиција за надворешна стимулација на клиторисот. Можете да ги користите рацете или да посегнете по вибратор заради дополнително стимулирање на клиторисот и  да ја доведете партнерката до оргазам", вели Vrangalova. 

Бидете груби

"Овој стил е совршена поза за нешто погруб секс, ако тоа е нешто во што  уживате. Работи како што се влечење на косата или  удирање по задникот се идеални за оваа поза. Сепак, бидете сигурни дека имате одобрување од својот партнер пред  да се обидете со еден од овие методи ", додава таа. 

Doggy  стил пред огледалото

"Сексолозите препорачуваат да го правите тоа  пред огледало, каде што ќе може да се гледате со вашиот партнер директно во очи. Можете дури и да се откажате од било  која грубост и наместо тоа  да ја милуваате по грбот или нозете  вашата партнерка", рече Vrangalova. 

Промените го  аголот 

Овој стил овозможува нешто подлабоко пенетрација, што е одлично за мажи со помал пенис. Меѓутоа, ако сте малку надарени и ако вашата партнерка стандардниот доги стил и е премногу интензивен, може да се обидете да го прилагодите вашето позиционирање. 

Аналниот секс

"Доги стилот  претставува е одлична  поза за некои анални игри  за да се постигне дополнителна стимулација. Исто така, може да се користат и некои играчки, зошто да не", рече Жана Vrangalova, сексолог. 

Променете ја локацијата

Сексот надвор од спалната соба, или каде и да сте обично, е одличен начин за зачинување на љубовен живот. 

"Доги стилот е навистина удобен во смисла на тоа каде можете да го практикувате тоа, направете го тоа на каучот, кујнскиот стол дури и на плажа", објаснува Врангалова.

Шер објасни зошто се забавува со далеку помлади мажи: Изјавата ја опишуваат како бизарна

Славната Шер (77) од почетокот на минатата година е во врска со 39 години помладиот рапер Александар Едвардс (38).

Поради значителната разлика во години, нивната врска наиде на различни коментари, а пејачката сега откри зошто сака да излегува со помлади мажи.

– Причината поради која излегувам со помлади мажи е затоа што мажите на моја возраст се стари и сите мртви. Пред тоа беа премногу исплашени да ми пријдат. Помладите мажи беа воспитани од жени како мене – изјави таа во една емисија.

Пејачката и раперот се запознале во септември 2022 година, а набрзо започнале врска. Тие раскинаа во мај 2023 година, но се смирија. Откако повторно почнале да излегуваат, пејачката кажала колку сето тоа било неочекувано.

– Им реков на пријателите, не се заљубувајте во помлади мажи, премногу сме стари. И не се заљубувајте преку пораки. Мојата теорија пропадна – изјави претходно таа за странските медиуми.

Кевин Спејси ги негира новите обвинувања за сексуален напад, наведени во документарен филм

Во интервју со поранешниот новинар на GB News, Ден Вутон, Спејси ги негира наводите за сексуално вознемирување и напад, велејќи дека понекогаш „можеби постапувал несоодветно“, но не и незаконски.

„Ја преземам целосната одговорност за моето минато однесување и постапки. Но, не можам и нема да преземам одговорност или да се извинувам на некој што измислил работи за мене или преувеличувал приказни за мене“, рече Спејси, пренесе Би-би-си.

Тој додаде дека никогаш не понудил помош за кариера во замена за сексуални услуги.

„Јас јасно се поврзав со некои мажи кои мислеа дека можат да ги унапредат своите кариери преку однос со мене. Но, немаше врска со мене, сето тоа беше дел од нивниот план, кој секогаш беше предодреден да пропадне бидејќи не бев вклучен во договорот“, изјави актерот.

Актерите Руари Канон и Дени ДеЛило се меѓу оние кои упатуваат нови обвинувања против Спејси во документарецот.

И двајцата во изјави за медиумите зборуваа за непримерното однесување на Спејси кон нив.

На 26 јули минатата година, поротата во судот во Лондон го прогласи Спејси невин за сексуално вознемирување на четворица мажи.

Спејси беше ослободен од девет обвиненија, вклучително и „сексуален напад, поттикнување лице на сексуална активност без согласност и поттикнување лице да се вклучи во пенетративна сексуална активност“.

За време на судењето, Спејси ја негираше вината, велејќи дека „не ја искористил својата моќ за да воведе неименувани мажи во кревет“.

Тој ги опиша обвинувањата како „убод во грб“.

Бритни Спирс жестоко се скарала со момчето, па полугола ја изнеле од хотелот

Службите за итни случаи одговориле на инцидентот меѓу Бритни Спирс и нејзиното момче Пол Ричард Солиз во хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес вќера рано наутро, пишува Page Six.

Изворите тврдат дека двојката се скарале додека биле во луксузниот хотел, а портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, потврдил за Page Six дека 911 биле повикани во Шато Мармонт кратко по полноќ. „Добивме повик на 911 со пријавување повредена возрасна жена. Повикувачот немаше многу информации за повредата. Испративме едно возило на местото на настанот“, изјави претставник на противпожарната служба во Лос Анџелес.

До 01 часот и 17 минути на местото пристигнала брза помош, а на повикот се јавиле само пожарникарите, додека полицијата не била на терен. Извор изјавил за Page Six дека Спирс, која живее во блискиот Thousand Oaks, Калифорнија, го напуштила хотелот со обезбедување и е „сега дома и безбедна “.

Пејачката е видена како го напушта хотелот боса, во долна облека, завиткана во ќебе и држејќи перница во рацете. По инцидентот, изворите рекоа дека пријателите на пејачката биле многу загрижени за нејзината врска со Солиз, а еден пријател рекол: „Тој е лоша вест од самиот почеток“.

Во август 2023 година, Спирс се шпекулираше дека се „зближува“ со Солиз, нејзиниот поранешен куќен помошник, но упатените во тоа време рекоа дека се загрижени за неговото криминално минато. Судските записи покажуваат дека тој бил обвинет за повеќе прекршоци, па дури и кривично дело затоа што поседувал огнено оружје.

За потсетување, во средата беше финализиран разводот меѓу Спирс и нејзиниот поранешен сопруг Сем Асгари. Парот се разведе во август минатата година по 14 месеци брак. „Бритни врти нова страница“, изјави извор за Page Six претходно, додавајќи дека разводот бил финализиран „пријателски“ со „строг предбрачен договор“.

Популарно