Врховен суд одлучи таа да не оди затвор

Само една недела пред да влезе во затвор Врховен и го одложи издржувањето на четири годишната затворска казна на ексминистерката Гордана Јанкуловска за случајот „Тенк“ со блиндираниот мерцедес.

За овој случај ова е второто одложување во корист на Јанкуловска. Првично таа побара и доби одлгање од Кривичниот суд заради чување на бебето кое се уште не наполнило една година и требаше да влезе во Идризово на 1 јули. Со новото одложување не е наведен конкретен датум. Дали и кога ќе оди во затвор Врховен ќе се произнесе во моментот кога ќе одлучува и по жалбата за нејзината пресуда. Кога ќе биде тоа дали пред летните одмори или по тоа не се знае. До тогаш ќе биде на слобода. Информација за одлагањето ја објави Кривичниот суд откако решението на највисокиот суд пристигнало кај нив.

Во решението е наведено дека,  извршувањето на казната изречена со пресудата на Основниот  кривичен суд – Скопје од 08.10.2018 година, а потврдена и преиначена во делот на казната со пресуда на Апелациониот суд –Скопје од 25.03.2019 година со која Г.Ј. е огласена за виновна за кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и осудена на казна затвор во траење од 4 години се одлага се до одлучување по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда од страна на Врховниот суд на РСМ.

Од врховен за сега нема информација со кое образложение судиите прифатиле да и ја одложат казната на ексминистерката. Од одбраната на Јанкуловска велат се уште не ја добиле  одлуката на Врховен, но оценуваат дека членот 466 став 4  не врз основа на кој е побарано одложувањето не се бара да се наведат посебни причини.

Вакво барање за одлагање на казната пред врховен побара и експремиерот Никола Груевски уште во октомври пред да избега во Будимпешта. Тој беше осуден на две години затвор за истот предмет „Тенк“ но на Јанкуловска и се судеше во издвоена постапка поради бременоста. И неговиот предмет е стасан во највиоскиот суд. Па во наредниот период се очекува Врховен да одлучи и за неговото и за барањето на Јанкуловска за вонредно преиспитување на пресудата. Може да ја поврди да ја укине или да ја промени казната.

Почна увидот за пожарот во Универзална сала

Откако локацијата e обезбедена и се создадени неопходни услови, увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го започнаа увидот на објектот на Универзалната сала каде вчера изби пожар.

Локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот е евентуално предизвикан од човечки фактор или се работи за несреќен случај.

Во текот на вчерашниот ден, во рамките на своите надлежности, Државниот инспекторат за труд изврши контрола на работењето на фирмите ангажирани за реконструкција на објектот и изготви записник.

Бидејќи се уште трае фазата на прибирање докази, односно до овој момент не е утврдено дека пожарот настанал како последица на човечки фактор, вчера во полициска станица беа земени изјави од три задржани лица, по што тие беа пуштени со оглед на тоа што во оваа фаза нема основ за нивно натамошно задржување.

Се заканувал со автоматска пушка во казино и украл 4000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

-На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани

„На 25.04.2024 во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај с.Новоселани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(20) од с.Браилово-прилепско и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(43) од Скопје“, информира МВР.

Како што соопштија од полицијата, во несреќата на местото на настанот починал М.М., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп. 

Популарно