ФОТО: Мајката на албанската пејачка на одмор во Црна Гора

Вера Ора, мајката на светски познатата Рита Ора во моментов летува на црногорското приморје, поточно на Ада Бојана, од каде на својот Инстаграм профил редовно објавува фотографии. Нејзиното тело во костим за капење, привлекло многу внимание, па се гледа од кој ја наследила витката става пејачката Рита Ора.

Вера направила и кампања за линија на костими за капење наменета за жените кои поминале низ мастектомија. Овие костими се осмислени да им помогнат на жените да бидат секси и после таквата борба.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vera Ora (@veraora) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vera Ora (@veraora) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vera Ora (@veraora) on

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

На Хари Стајлс му испратила 8.000 писма, но тоа не е сè: Опседната обожавателка заврши во затвор

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

-Но, тоа не е сè. Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

-Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим, изјави извор близок до Стајлс.

Таа доби забрана да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Еден од најпосакуваните ергени во Холивуд ќе стане татко

Можеби еден од најпосакуваните ергени во Холивуд, Хенри Кавил откри дека го чека своето прво дете со неговата девојка Натали Вискузо.

Глумецот ја потврди среќната вест за „Аксес Холивуд“ (Access Hollywood) на премиерата на својот нов филм „Министерството за неџентлменско војување“ (The Ministry of Ungentlemanly Warfare).

– И јас и Натали сме многу, многу возбудени за тоа, изјави Кавил (40).

Кавил и Вискузо се во врска речиси три години. Во јавноста, првпат се појавија на црвениот тепих на премиерата на „Енола Холмс 2“ во 2022 година. Натали работи како директорка на холивудската телевизија

Популарно