Гинеколог обвинет дека продавал снимки од скриена камера поставена во неговата ординација

Полицијата го истражува украинскиот гинеколог обвинет дека продавал снимки од скриена камера поставена во неговата ординација. Снимки и фотографии од негови десетина пациентки биле пронајдени на порно страница.

Случајот бил откриен откако една жена која побарала да остане анонимна, се видела себеси на гинеколошки преглед на порно страница, додека докторот Вјенчеслав Триполко ја прегледува со ултразвук.

Полицијата веднаш упаднала и ја пребарала гинеколошката ординација во украинскиот град Одеса каде што била пронајдена скриена камера. Полицијата открила повеќе снимки од голи пациентки, кои подоцна биле објавувани на сајтови со порнографска содржина.

Гинекологот Триполко е обвинет за илегално производство и дистрибуција на порнографија и му се заканува затворска казна од седум години.

Како што пренесуваат локалните медиуми, станува збор за угледен и популарен гинеколог во Одеса. Тој не бил задржан во притвор, но му била одземена лиценцата за работа.

Пациентката која му испратила неколку пораки на докторот после шокантното откритие, вели дека гинекологот цело време негирал дека тој стои зад снимките.

„Тој мисли дека е само пион во нечија валкана игра. Обвини и некои други гинеколози дека поставиле камера во неговата ординација и потоа ги објавиле снимките на интернет. Тој изјави дека секој можел да ја постави камерата. Треба да се докаже дека Триполко снимал и дистрибуирал“, изјави пациентката.

Обвинетиот гинеколог вели дека минатото лето нарачал поставување на нов аларм во клиниката. Тврди дека во тој период секој можел да постави скриена камера, но сепак фатен е во лага затоа што некои снимки биле значително постари.

Директорот на болницата каде што се наоѓа гинеколошката клиника, доктор Олег Лукјанчук изјави: „Најпрвин мислев дека станува збор за нечија болна и злонамерна шега. Како граѓанин, како човек, како доктор, целосно сум згрозен“.

(Видео) Сакаа романтични слики на карпа, а во следен момент се бореа за својот живот

Фотографиите од венчавкат абеа важен дел од церемонијата и секако, новиот брачен пар сакаше да изгледаат совршено.

Инцидентот се случи во јужна Калифорнија. За да биде совршена фотографијата, за фотографирање избраа една карпа и океан.

Сепак, океаното имаше поинакви намерно, а беше доволен само еден силен бран за да ги турне во водата, која беше исполнета со други карпи.

За среќа, тука беа спассувачите кои веднаш скокнаа во акција и им помогнаа на младите лица за да ги извлечат од океанот.

Маж починал откако некој случајно го исклучил респираторот за да го вклучи клима уредот

Маж на возраст од 40 години починал во државната болница во Индија, откако членовите на неговото семејство наводно го исклучиле респираторот од струја, за да го вклучат клима уредот.

Овој маж бил примен во болница неколку денови претходно, откако лекарите се посомневале дека има коронавирус, а поради отежнатото дишење бил сместен на специјално изолирано одделение за пациенти заболени од Ковид-19.

„Индија експрес“ наведува дека човекот бил во толку тешка состојба, што лекарите не го ни тестирале на Ковид-19, туку веднаш го ставиле на респиратор и започнале терапија.

Како што се наведува, во понеделникот наутро полниот Индиец во болницата го посетило семејството, кое не било задоволно од условите во кои престојува.

Бидејќи централниот систем за ладење во болницата бил исклучен за да се спречи ширење на коронавирусот, во собата во која лежел овој човек било повеќе од 40 степени целзиусови.

Поради тоа еден од членовите на семејството донел преносен клима уред, а за да го поврзат, случајно го исклучиле респираторот. Мажот починал, а со последователно тестирање било утврдено дека пациентот воопшто немал коронавирус, туку тежок облик на хронично опструктивно белодробно заболување.

„Кога го исклучиле респираторот од струја, апаратот автоматски се префрлил на резервно напојување, односно на батерија. Меѓутоа, батеријата се истрошила за половина час, после што пациентот починал. Кога забележало дека нешто не е во ред, семејството повикало медицинско лице, но веќе било доцна. Обдукцијата покажа дека пациентот починал од гушење“, навел д-р Навин Саксен од болницата „Махара Бимсинг“.

(Видео) Светот вакво нешто не видел досега! Луѓето исплашени, на површина исплива…

Адел ја сними оваа сцена,а  тоа што ги исплаши сите е всушност ова животно кое може да достигне до 18 метри.

Уживањето во прошетката покрај брегот со сопругата Адел Грос од Јужна Африка го прекина сцена која остава без здив.

На брегот налетаа на чудовиште од четири метри и 330 кг, а веднаш тие го снимиле моментот и снимката се појавила на социјалните мрежи, па многу луѓе се исплашиле.

„Прво помислив дека мора да ја вратиме во океан, но кога подобро погледнав, забележав дека таа повеќе не е жива“, кажа таа.

Популарно