ФОТО: По допирите со Бред Пит актерката го соблече фустанот

Бред Пит на доделувањето на наградите бил толку многу магепсан од својата поранешна сопруга Џенифер Анистон што не престанал да ја допира и да ја гледа.

Актерката по доделувањето на наградите на својот профил на Инстаграм споделила две фотографии. На едната лежи во автомобилот и објаснува дека сè изгледа неверојатно, но дека има брчки против кои не може да се бори.

„Без брчки... Потешко отколку што изгледа. Некаде помеѓу овие две фотографии моите врсници ми подарија подарок кој ќе го обожувам и преку ден и преку ноќ... Им благодарам, време е да се вратиме на работа“ - објаснила актерката.

На втората фотографија се гледа нејзиниот фустан на подот, чевлите и наградата.

„Дали е тоа тоалетот на Бред Пит?“, „Се надеваме дека после сè тој ти го соблече фустанот“ - биле само некои од многуте коментари.

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Популарно