Стотина ловци и граѓани ја продолжија потрагата по исчезната Марија Брзакова од Босилово

Стотина ловци и граѓани во координација со полицијата утрово ја продолжија потрагата по исчезната Марија Брзакова (28) од Босилово, која исчезна на 18-ти овој месец. Собраните граѓани заедно со полицијата денеска ги пребаруваат речните корита и канали во регионот, а покрај ловците од Босилово во акцијата за пребарување на теренот се вклучени и ловци од Ново Село и Струмица.

-Во координација со СВР-Струмица се распоредивме по течението на реката Турија, реката Струмица, канали, по целото поле, дури и по браните на Дрвош и Иловица, Монспитовско блато, значи целиот терен ќе се пребарува, рече Војо Прцевски, претседател на Ловно друштво „Гоце Делчев“ од Босилово.

Додаде дека потрагата и утре ќе продолжи доколку денеска не ја пронајде исчезната жена.

Дваесет и осумгодишната Марија Брзакова исчезна во утринските часови на 18-ти овој месец. Била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или каков било документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса. Исчезнувањето во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг. Од полицијата апелираат до граѓаните доколку ја забележат исчезнатата Марија Брзакова да се јават на телефонскиот број 192.

78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка

Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и  патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, соопштува МВР.

Почина таткото на Тоше, Никола Проески

По долго боледување, почина таткото на Тоше, Никола Проески.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. 

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше. Замина денес, на Велики четврток, после долго боледување.

Веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите:

-Светол патот, татко мој.

Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност.

Семејството Проески се уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.

Популарно