14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден

Во битолското село Крстоар, вчера ненадејно почина малолетник, чија смрт ја вознемири битолската јавност.

Според информацијата на СВР Битола, вчера, попладне околу 16 часот и 45 минути, од Итната медицинска помош Битола било пријавено дека околу 15.30 часот во атарот на село Крстоар, битолско, на малолетник од Битола му се слошило и паднал по што бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство, соопшти битолската полиција.

Неофицијално момчето кое било осмо одделение, било на роденден кај другар.

Според кажувања на родители чии деца биле присутни на забавата, момчето, наводно било гостин на роденденска прослава кај свое другарче и попладнето во еден момент додека си играле на ливадата, во близина на Крстоарски манастир, со останатите деца, му се слошило и паднало на земја. Веднаш била повика итна медицинска помош.

По смртта на малолетникот, бил извршен увид, а по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Приведен криминалец баран со потерница

Вчера во 23.50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ф.Б.(27) од Гостивар. 

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце

Вчера околу 11.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на паркинг на царинска испостава Табановце, покрај товарното возило кое го управувал, бил пронајден починат И.К.(66) од Украина, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. 

Популарно