ЌЕ ИМ ЛЕГНАТ ПО 100 ЕВРА НА СМЕТКИТЕ - еве која држава и како им помага на граѓаните

Во Србија од денеска почнува исплатата на паричната помош во висина од 100 евра во динарска противвредност, за сите граѓани кои се регистрирани преку телефон или преку веб-страницата idp.trezor.gov.rs. Парите ќе се плаќаат на сметките на околу половина милион граѓани дневно, и се очекува дека со таа динамика сите исплати на оние кои аплицирале за помош ќе бидат завршени до 1-2 јуни.

Рокот за пријавување е 5 јуни, а за оние кои ќе аплицираат на последниот ден, парите ќе бидат исплатени на банкарските сметки до 7 јуни.

Прво, исплатата на оваа финансиска помош за околу 1,7 милиони пензионери започна на 15 мај, а за околу 160.000 корисници на финансиска и социјална помош на 21 мај.

На 24 април, Владата на Србија донесе Уредба за исплата на 100 евра на сите полнолетни граѓани на таа држава, со постојан престој во Србија и валидна лична карта.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно