Користете го ова за алиштата наместо омекнувач

Добро се познати сите својства на алкохолниот оцет, а сега може да го искористите и да заштедите пари за омекнувач за алишта.

Тој е природно средство за чистење и омекнување. Ставете пола шолја оцет на алиштата пред перење. Ќе ги направи алиштата меки, чисти и свежи.

Ставете го во делот за омекнувач, наместо омекнувач и верувајте ќе има подобар ефект. Овој трик воодушевил многумина на социјалните мрежи – станува збор за неговата ефикасност.

Прочитајте дополнителен трик од кој луѓето се воодушевени а служи за отстранување флеки од облеката – се додава само 1 евтина состојка во машината за перење алишта

Сигурни сме дека досега сте барале различни трикови во домаќинството, кога станува збор за табетата за миење садови која што се става во машината, но овој едноставен производ станува сè попопуларен.

Имено, покрај својата основна употреба, а тоа е да ги измие садовите, оваа таблета може да се искористи и во чистењето на рерната, туш кабината, машината за перење алишта. Неодамна на интернет се појави уште една намена за употреба на оваа таблета.

Имено, таа наводно може да ги отстрани флеките на вашата облека, за кои што сте биле сигурни дека не можат да се исчистат.

„Мојот сопруг има флеки од масло на неговата облека. Инаку ја пере на работа во индустриска машина за перење алишта, а и јас некогаш му ја перам дома.

Денес решив да ја исперам со четири таблети за садови и не можам да верувам како водата изгледаше по перењето“ – напишала некоја жена на социјалната мрежа Фејсбук, споделувајќи фотографија од црната вода.

Трикот воодушевил многу корисници на социјалните мрежи, но многумина предупредиле дека не треба да се користат таблетите доколку некоја облека е од понежен материјал.

Исто така количината на таблетата треба да се прилагоди на тоа колку облека перете и колку флеките се тешки за отстранување.

Пет видови алкохол што ја уништуваат кожата

Покрај тоа што алкохолот им штети на тежината на организмот и на здравјето, тој не е без последици и за изгледот на кожата.

Употребата на алкохол во мали дози може да има некои придобивки за телото, но оди рака под рака со десетици негативни последици, а меѓу нив, најлошо делува врз кожата.

Петте видови алкохол со негативни последици по кожата на луѓето:

Пиво – го прави лицето подуено поради содржината на шеќер и сол.

Бело вино – многу истражувања тврдат дека по една чаша вино навечер е корисна за срцето, но неодамнешна студија на Универзитет Браун откри дека дури и мала количина вино ја зголемува шансата за црвенило на одредени места поради заситеноста на крвните клетки на површината на кожата.

Црвено вино – природниот шеќер исто така придонесува за зголемено црвенило.

Рум и виски – предизвикуваат акни и водат до предвремено стареење на кожата.

Коктели – Ова е можеби најлошата опција. Тие содржат различни видови алкохол, многу шеќери и конзерванси кои се „катастрофални“ за кожата.

Spectra NAIL BAR го проширува тимот!

Spectra NAIL BAR го проширува тимот!

Вработуваме техничар за маникир и педикир со полно работно време.

[☑️] ️ познавање на маникир и педикир

[✅️] нето плата над 25.000 ден.

[✅️] платен одмор, бонуси и K-15

[✅️] неработни денови - недела и празници

[☎️] 075444961

[☎️] 078873703

[📧] [email protected]

Маска од калинка за посветла и помека кожа

Калинката содржи огромна количина на витамини и минерали: А, Б1, Б2, Б4, Б5, Б6, Б9, Ц, Е, Х, К, калиум, силициум, калциум, магнезиум, натриум, сулфур, фосфор, хлор, железо, јод, селен, флуор, хром, цинк, омега-6 и бета-каротен.

Ете зошто маската за лице од калинка е одличен избор за вашата кожа. Добро изгмечете лажица семки од калинка, па измешајте со лажица мед и три лажици маслиново масло. Кога ќе ги измешате сите состојки, додадете 50 мл вода за да се разреди смесата.

Нанесете на чисто лице и оставете да стои околу еден час. Исто така, пожелно е да се втрие во кожата на лицето, вратот и деколтето со нежни движења. Измијте со млака вода.

Популарно