Официјално измерено: А1 ИМА ПОДОБРА МРЕЖА И БРЗИНА ОД ТЕЛЕКОМ

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги објави извештаите за состојбата на квалитетот на јавни електронски комуникациски услуги обезбедени преку јавни електронски комуникациски мрежи за населените места Тетово и Илинден кои се базираат на мерењата кои АЕК ги спроведе во период од 16.10.2020 до 04.11.2020.

Во овие мерења беа опфатени и населените места Скопје, Куманово и Желино за кои Агенцијата веќе објави извештаи.

Направените мерења се обврска која произлегува од Правилникот за параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги обезбедени преку јавни радиокомуникациски мрежи, според кој АЕК ги контролира и мери параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги. Мерењата се однесуваат на безжичните услуги кои ги пружаат операторите А1 Македонија ДООЕЛ и Македонски Телеком АД Скопје.

Извештајот за населеното место Тетово покажува дека, независно од технологијата, операторот А1 обезбедува 100% покриеност со сигнал, а Македонски Телеком 99,85%. И кај двата оператори не се забележани прекинати повици, додека А1 нема неуспешни повици, а кај МТ се измерени 0,8%. И двата оператори обезбедиле приближно ист квалитет на говор и време за воспоставување повик далеку пониско од 7 секунди зададени од АЕК.

Во поглед на брзината на пренос на податоци, во Тетово за симнување фајл со големина од 10GB операторот А1 Македонија обезбедува брзина за пренос на податоци од 100.929 Mbps, додека кај Македонски Телеком била измерена брзината од 76.002 Mbps.

На подрачјето на Општина Илинден и двата оператори имале 100% достапност, операторот А1 немал неуспешни и прекинати повици, додека кај Македонски Телеком биле измерени 1,1% неуспешни и 2,2% прекинати повици. Задолжителната целна вредност дефинирана од АЕК и за двата параметри била помалку од 2%.

На ова подрачје Македонски Телеком обезбедува помала брзина на пренос на податоци од задолжителната целна вредност дефинирана од АЕК која е утврдена да мора да биде поголема од 55.000Mbps.

Брзината со која корисниците на мобилен интернет на Македонски Телеком можат да симнат фајл од 10 GB на подрачјето на Општина Илинден изнесува само 31.039 Mbps. Кај операторот А1 измерената брзина на пренос била 82.530 Mbps.

Извештаите од извршените мерења на АЕК се објавени на https://komuniciraj.mk/mk/izmereni-

parametri-za-kvalitet-2020/.

Мета им се извини на корисниците: Работиме на тоа да се вратат апликациите во нормала

„Свесни сме дека технички проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме работите да се вратат во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, се вели во нивното соопштение.

Од попладнево има дефект на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Околу 19 часот корисниците почнаа да пријавуваат проблеми со социјалните мрежи на веб-страницата Down detector, која ги следи техничките проблеми со социјалните мрежи и веб-страниците ширум светот.

Видео: НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа, каде што, се верува, може да има услови за развој на вонземски живот во огромниот океан под ледената површина.

Со своите шест тони, најголемото летало што НАСА некогаш го изградила за меѓупланетарна мисија, „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата на оваа огромна гасовита планета и ќе ѝ се доближи на нејзината ледена месечина. Вселенското летало полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД.

Тој вселенски лет е долг повеќе од три милијарди километри и ќе трае до 2030 година.

На пат кон Јупитер, доколку не се јават непредвидени проблеми, вселенското летало прво ќе мине и покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред „да се катапултира“ кон Јупитер.

Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената обвивка на Европа и укажуваат дека онаму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по услови за живот. Сепак, како што соопшти НАСА, „Европа Клипер“ првично нема да бара облици на живот бидејќи нема детектори и инструменти за таков вид истражување.

Популарно