(ВИДЕО) XAOC ВО COБPAНИЕ: Апасиев во жecток конфликт со Џафери

Во рамки на денешната седница, пратеникот Димитар Апасиев во своето обраќање влезе во вербален дуел со претседателот на Собранието.

Поточно Талат Џафери, поради процедуралните злоупотреби кои перманентно ги прави собранискиот спикер.

Имено, Апасиев се повика на член 70 став 2 од Деловникот според кој му се овозможува 10 минутно обраќање пред пратениците.

Додека Џафери го читаше членот 77 став 2, според кој 3 минути е времето за обраќање на пратеникот од говорницата.

Погледнете во продлжение:

 
Апасиев до Џафери: Не го злоупотребувајте трпението на народот, оти преку глава му е на народот!

Пратеникот и лидер на Левица - Димитар Апасиев денес, пред почетокот на пленарната седница, влезе во отворен ВЕРБАЛЕН ДУЕЛ со претседателот на Собранието на Република Македонија - Талат Џафери, поради процедуралните злоупотреби кои перманентно ги прави собранискиот спикер. Имено, владејачкото мнозинство им го ускратува уставното право на пратениците да предлагаат закони и други општи акти и упорно и тенденциозно, скоро два месеца, не ја става на дневен ред предлог Декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии, предложена од нашите пратеници. Левица укажува дека ќе се бори со сите средства, во и надвор од парламентот, за зачувување на македонските национални интереси! Борбата само што почнува, а оваа квислиншка власт на Заев, ќе сториме се' да заврши на гнојарникот на Историјата. p.s. По инцидентот, нашите пратеници ја напуштија салата во која останаа само 61 пратеник од владејачкото мнозинство на СДС и ДУИ. #ЛевицаОдПарламент

Posted by Левица / E majta / Levica on Thursday, November 26, 2020

https://thenewzupdate.com/

МЗ: Новиот британски сој на коронавирусот не е детектиран според последните анализи на МАНУ

Министерството за здравство информира дека заклучно со 11 јануари 2021 година не е утврдено присуство на SARS-CoV-2 вирусот од Велика Британија во нашата земја. Овие наоди се базирани на податоците од лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ добиени при анализа на геномите на близу 180 SARS-CoV-2 вируси кај пациенти од Република Северна Македонија дијагностицирани во периодот јуни 2020 – 11 јануари 2021 година.

Во лабораторијата во Македонска академија на науките и уметностите се врши секвенционирање на целиот геном на вируси детектирани кај пациенти со КОВИД-19 од нашата држава со цел да се утврдат соевите на вирусот кои циркулираат во нашата популација, начинот на нивното ширење и можната корелација со различната клиничка презентација на болеста. Последните податоци се однесуваат на анализа на 50-тина геноми во периодот декември 2020 - 11 јануари 2021 година.

Од почетокот на пандемијата досега се анализирани близу 180 вирусни геноми при што е утврдено присуство на 20-ина соеви на вирусот.

Соевите се изолирани од пацинети од различни градови од државата. Од присутните соеви на вирусот, два (B.1.1 и B.1.1.70) се доминантни во нашата популација, присутни кај >75% од пациентите. И двата соја се присутни од почетокот на пандемијата, од кои B.1.1 сојот (присутен во цела Европа, а со највисока застапеност во Грција, Италија, Австрија, Шведска, Турција, Русија итн) има стабилна фрекфенција, додека фреквенцијата на B.1.1.70 сојот (присутен со повисока фреквенција во Србија, Хрватска, Косово) се зголемува во последните месеци и во моментот е доминантен кај анализираните пациенти.

Ова зголемување кај B.1.1.70 сојот корелира со присуство на дополнителна мутација (Q677H) во -S-генот (spike  протеинот) на вирусот  која е за првпат детектирана во јуни 2020 кај пациент со COVID-19 од Охрид и овој варијантен сој е доминантен од месец ноември наваму во нашата земја. Истиот во меѓувреме е детектиран со ниска фреквенција и во неколку други земји, меѓу кои Швајцарија и Данска. И покрај тоа што не се направени функционални испитувања на оваа варијанта, согласно епидемилошките податоци за стивнување на епидемијата во нашата земја во последниот период, се претпоставува дека варајантниот сој не е поврзан со зголемена трансмисивност ниту пак со тежината на клиничката слика на заболените.

Ова се новите малопродажни цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10 % во однос на Одлуката од 22.01.2021 година.

„Неочекуваниот раст на залихите од сурова нафта во САД во минатата недела , како и очекувањата дека потрошувачката во Соединетите држави ќе биде поттикната од мерките за помош, објавени од новиот американски претседател Бајден за да ги ублажи  ефектите од пандемијата пратија различни сигнали кои ги раздвижија берзанските цени и дел од нив се стабилизираа, дел намалија, додека кај тешките дестилати цените на берзите  се зголемуваа. Соодветно на регистрираните берзански движења и нашата методологијата, прилагодени се малопродажните цени на нафтените деривати“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95,ЕУРОСУПЕР БС-98 како и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што се утврдени со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2021 година.

 Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,445 ден/кг и ќе изнесува 31,268 ден/кг.

Од 26.1.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                     ЕУРОСУПЕР БС – 95                           61,00  (денари/литар)

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС -98                            63,00  (денари/литар)

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      52,00  (денари/литар)

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                       41,50   (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                   31,268  (денари/килограм)

6 лица починати и 63 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 37

-Куманово 4

-Тетово 1

-Гостивар 1

-Штип 2

-Битола 1

-Велес 1

-Охрид 2

-Кавадарци 5

-Струга 1

-Свети Николе 1

-Крива Паланка 1

-Берово 2

-Делчево 1

-Пробиштип 1

-Кратово 1

-Пехчево 1

Починати се 6 лица, два пациенти од Скопје (54 и 79г), два од Прилеп (85 и 93г), еден од Кавадарци (70г) и еден пациент од Струга (83г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 573 оздравени пациенти од:

-Скопје 350

-Куманово 19

-Тетово 10

-Прилеп 36

-Гостивар 9

-Штип 8

-Битола 7

-Велес 17

-Струмица 15

-Кавадарци 28

-Кочани 9

-Кичево 1

-Свети Николе 4

-Гевгелија 6

-Неготино 12

-Дебар 8

-Ресен 5

-Крива Паланка 1

-Радовиш 6

-Пробиштип 3

-Валандово 3

-Демир Хисар 1

-Македонски Брод 2

-Богданци 2

-Кратово 1

-Крушево 9

-Демир Капија 1

Досега во земјата се направени вкупно 443.277 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90717, бројката на оздравени пациенти е 78727, на починати е 2791, а бројот на активни случаи изнесува 9199.

Популарно