„Лидл“ ќе почне со продавници во Охрид, па Скопје, Тетово, Штип…!

Регистрирањето подружница во Северна Македонија во февруари е првиот чекор од нашата активност во земјата, одговорија од „Лидл“ – Бугарија на прашањето од InStore какви се нивните планови за влезот на германскиот малопродажен гигант кај нас и каде ќе им бидат лоцирани продавниците. 

Ние сме во почетна фаза на долгорочен процес и во оваа фаза не можеме да дадеме дополнителни детали, одговорија од „Лидл“ – Бугарија за InStore, додавајќи дека не можат да ги откријат потенцијалните локации или датуми на отворање.

Бугарските менаџери засега не даваат повеќе детали, и покрај информациите дека веќе разговараат со градоначалници за можни локации. Сепак, нашите читатели ни испратија фотографија од брендиран автомобил на „Лидл“ каде, покрај логото на трговецот, се наведени градовите Штип, Тетово, Скопје и Охрид. Во таа насока одат и активностите на бугарската подружница за кои досега знаеме, но и информациите од терен – се шпекулира дека првиот маркет ќе биде во Охрид.

Впрочем, градоначалникот на Штип, Сашко Николов, за штипската телевизија ТВ Стар потврди дека веќе разговарал со претставници на компанијата. Тие побарале локација на 10.000 квадратни метри и тој вели дека веднаш им обезбедил две такви.

Барањето кое тие го испорачаа на средбата со повеќе градоначалници од овој регион е дека им е потребна локација од 10.000 метри квадрати на територија на градот Штип. Ние обезбедивме две такви локации и ги пуштивме во Влада по што ќе се носи и одлука за избор, рече Николов за ТВ Стар. Тој за телевизијата изјави дека Лидл има план за поширока соработка во која се опфатени сите големи општини во државата, но и дел од средните општини во кои спаѓа и Штип.

Според досега познатите податоци, подружницата под називот „Лидл Северна Македонија Дооел“ е основана со паричен влог од 500.000 евра. Новата компанија ќе биде управувана од Софија, од бизнисмените Милена Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев. Тие се управители во компанијата во Бугарија. Според описот на нивните надлежности и ограничувања, „Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.

Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно!

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено.

Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедиле итна грижа и стабилизација.

-Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори, велат од ЈП „Лајка“.

Одговорноста, потенцираат, е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено.

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено. (МИА)

ЦУК: Активни три пожари на отворено, изминатото деноноќие имало вкупно 33

Под контрола е ставен пожарот во атар на село Нерав, место викано „Биљино“, општина Крива Паланка, каде опожарени се ниска вегетација и шума. Вториот пожар ставен под контрола е на територија на општина Кичево, во подрачјето на село Челопеци, а опожарена е нискостеблеста шума. 

Активни се три пожари на отворен простор од вкупно 33 регистрирани изминатото деноноќие на територија на државава, до осум часот утрово. Два се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од трите активни пожари, како што се наведува, два се на територија на општина Македонски Брод, а еден е во подрачјето на Сарај. Во Јасен гори мешана шума, а на територија на село Крапа опожарени се ниска вегетација и нискостеблеста шума. Пожарот на територија на општина Сарај е во регионот на село Радуша кон село Дворце. Таму гори ниска вегетација.

Под контрола е ставен пожарот во атар на село Нерав, место викано „Биљино“, општина Крива Паланка, каде опожарени се ниска вегетација и шума. Вториот пожар ставен под контрола е на територија на општина Кичево, во подрачјето на село Челопеци, а опожарена е нискостеблеста шума.

Во Македонија живеат најгневните луѓе во Европа

Македонските граѓани се едни од најгневните луѓе во Европа, кај кои гневот и револтот на дневна основа се далеку над европскиот просек.

Ова го покажуваат резултатите во најновиот извештај на „Галуп глобал емоушнс репорт“, во кој се опфатени 122 земји во периодот на 2021-та и првата половина на 2022 година, во кој македонските граѓани со високи 26 отсто на акумулиран гнев на дневна основа се веднаш зад Турција, каде што гневот е изразен високи 48 отсто.

Речиси во цела Европа гневот на дневна основа е под 25 отсто, но во Македонија тој е над оваа граница и ја позиционира земјава како водечка во делот на гневно и револтирано население на дневна основа.

Како по обичај, најмалку гневни се Финците, потоа следуваат Естонците, а по нив Холанѓаните и Португалците.

Популарно