Еве колку калории има во алкохолните пијалоци

Ако сте испиле две пива, тоа е исто како да сте изеле цело чоколадо.

Телото го регистрира алкохолот како отров, па затоа се обидува што побрзо да го претвори во нешто помалку штетно – во вишок енергија што се претвора во маснотии, која кај мажите се таложи во стомакот, а кај жените на бутовите.

Половина литар црно пиво има дури 220 калории.

Половина литар светло пиво има околу 240 калории, а ако сте испиле четири пива во текот на вечерта, тоа е приближно исто како да сте изеле две чоколади од по 100 грама.

Слична е ситуацијата и со сајдерот. Овој сè попопуларен пијалок содржи околу 230 калории на половина литар.

Еден од коктелите со најмалку калории е „тенок“ џин тоник (со тоник без шеќер) – 64 калории, во просек 80 калории, џус вотка 60 калории и чаша бело вино 160 калории.

Калории во 100 мл други алкохолни пијалоци:

Шампањ – 85 кал., бело вино – 85 кал., црвено вино – 80 кал., коњак 38 vol% алкохол – 230 кал., коњак 50 vol% алкохол – 375 кал., ликери – 250 кал., ракија 25 vol% алкохол – 175 кал., ракија 33 % алкохол – 195 кал., ракија 50 % алкохол – 350 кал., рум 40 % алкохол – 280 кал., ракија – 40 % алкохол – 230 кал., ракија – 250 кал., виски – 250 кал. и вотка – 230 кал.

Калории во коктели:

Лонг Ајленд – 780 кал., Маргарита – 740 кал., ПинаКолада – 644 кал., Бел Русин – 425 кал., Maи Таи – 350 кал., Џин/вотка и тоник – 200 кал., Мохито – 160 кал. и Космополитан – 150 кал.

Нутриционист тврди дека само 1 чаша доволна е да го забрза вашиот метаболизам и да почнете да слабеете

Многу е важно што внесуваме пред спиење во организмот, заради квалитетот на сонот, но и заради целото тело.

И додека сонуваме трошиме калории, а покрај корисните совети на нутриционистката Александра Седларециќ можете тој процес да го зголемите само доколку пред да си легнете во кревет консумирате напиток од само две состојки.

Според зборовите на експертот за здрава исхрана, постојат намирници кои дополнително го стимулираат согорувањето масти и калории, а на тој начин му овозможувате и на метаболизмот да функционира без проблем, што за резултат ќе имате помалку килограми на вага.

„Пред спиење може да практикувате да пиете 1 цеден лимон со 300 милилитри вода или да додадете во водата една лажичка цимет“, вели нутриционистката.

Но, Александра преферира пред спиење да пие и ѓумбирова вода.

„Потребен ви е еден свеж корен ѓумбир и 1,5 литри вода. Исечкајте го ѓумбирот којшто претходно добро сте го измиле под млаз млака вода. Ќе ви бидат потребни 5 потенки кругови ѓумбир од коренот. Во сад со вода ставете ги круговите ѓумбир, па варете ги на мала температура околу 20 минути. Потоа тргнете ја течноста од оган, поклопете и оставете да се излади“, вели нутриционистката.

Ѓумбирот содржи многу витамини, минерали, здрави масти и полифеноли кои делуваат како антиоксиданти. Неговата ефикасност за слабеење ја докажуваат и многу истражувања – ѓумбирот содржи соединенија кои се нарекуваат гингероли кои го забрзуваат метаболизмот.

Не смеете да заборавите и дека тајната на витката фигура е во здравата исхрана, физичката активност и секако посветеноста.

Здравата исхрана комбинирана со физичка активност треба да стане ваш нов начин на живот.

Не е заразен секој крлеж, но конго-кримска хеморагична треска е сериозна болест

Не секој крлеж е заразен, но конго-кримска хеморагична треска е сериозна болест, предупредуваат експерти. Три случаи се евидентирани сега во земјава. Во првиот случај, почина 27-годишна пациентка, по инфекција со каснување од крлеж. Во вториот случај се работи за болничарка, која се лекува на Инфективна клиника и сега е во стабилна состојба. Третиот случај кај нас е 42-годишен велешанец, а можниот начин на зараза е неговото рибарење.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, прва епидемија од ова зболување кај нас е евидентирана во 1971 година. Притоа, заболеле 13 лица со два смртни исхода во едно семејство во тетовското село Чифлик. По оваа епидемија, лабораториски е потврден еден случај во 2010 година. Со оглед дека постојат услови за природни жаришта и на други подрачја во земјава, ова заболување претставува потенцијална опасност. Од соседните земји, болеста е ендемска во Косово, а регистрирани се спорадични случаи и во неколку други европски земји.

Вирусот се пренесува на луѓето или по каснување од крлеж, или преку контакт со заразена крв или животински ткива, за време и непосредно по колењето на животните. Поголемиот дел од случаите на заболување се однесуваат на луѓе кои се вклучени во работа со добиток, како што се земјоделските работници, работници во кланици и ветеринарите. Преносот од човек на човек може да се случи како резултат на близок контакт со крв, излачевини, органи или други телесни течности на заболените лица. Должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот. По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 13 дена.

Ако се држите до нив, вашата борба со вишокот килограми ќе биде долга и напорна

Се откажавте од благо и брза храна, вежбате редовно, а сепак некако многу тешко ги губите килограмите. Не се плашете, има причина и за тоа, а за среќа има и решенија. Повеќето луѓе не сфаќаат дека нивните утрински ритуали всушност ги спречуваат да го добијат телото кое го посакуваат.

Ние денес ви претставуваме 5 утрински ритуали и навики од кои треба да се откажете доколку сакате да ослабете.

Предолго спиете

Со премалку сон, вашето тело ќе го поттикне лачењето на кортизолот, хормонот одговорен за стрес, а тоа ќе предизвика зголемување на апетитот. Од друга страна и предолгото спиење не е добро за вас. Според последните истражувања, спиењето повеќе од 10 часа на ден може да води кон поголема телесна маса. Тоа е и дополнителна причина зошто докторите препорачуваат 7-9 часа спиење.

Се облекувате и средувате во темница

Потргнете ги завесите и кренете ги ролетните веднаш по будењето. Едно истражување покажало дека сините снопови светлина кои доаѓаат од утринското сонце може да го забрзуваат вашиот метаболизам и да му помогнат на телото да се разбуди. 20 до 30 минути дневна светлина е доволна за да влијае на вашата телесна маса.

Не го местите креветот

Можеби звучи чудно, но е вистинито. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои си ги местат креветите спијат подобро, а добриот сон е многу важен за здрава тежина.

Заборавате да се мерите

Докажано е дека дневното мерење е успешна техника која поттикнува губење килограми. Идеално време за качување на вага е наутро, веднаш по будењето, пред да јадете или пиете. Со оглед на тоа дека губите вода додека спиете, така ќе добиете и најточна бројка.

Премалку јадете за доручек

Истражувачите од Универзитетот во Тел Авив инсистираат на тоа дека наутро треба да се разгалувате себеси со богати и вкусни оброци. Всушност, балансираниот доручек кој содржи 600 калории и има протеин, карбохидрати и малку десерт ќе направи да ви биде полесно да го следите вашиот дневен режим на исхрана.

Популарно