Само две пози за спиење се добри ако сакате здрав грб

Повеќе од 10 години, Џејмс Лејнхард работел со пациенти кои сакале да го подобрат својот сон и квалитетот на животот. Тој сфатил дека повеќето спијат во пози кои не придонесуваат за здравјето на грбот и 'рбетот.

Експертот за држење на телото на TikTok предупреди дека има само две пози за спиење што тој ги одобрува, а ниту една од нив не вклучува спиење на стомак.

Првата позиција за која се залага е позата „војник“, односно лежење рамно на грб.

„Ако лежите на грб, вашиот 'рбет веднаш се потпира на душекот и имате најрамномерна распределба на телесната тежина. Ако ставите перница под колената, ќе видите дека малку ја навалувате карлицата и повеќе грбот ќе го допре креветот. Тоа е уште подобро“, рече тој.

Друга положба што ја фали е позицијата „сонувач“, или полуфетална странична положба со перница помеѓу колената и глуждовите за дополнителна поддршка.

„Клиничките докази покауваат дека во странична положба најмалку го оптоварувате 'рбетот“, истакна тој.

Видеото собра повеќе од 2 милиони прегледи откако беше објавено на 24 јули, а многу други експерти се согласуваат дека спиењето на грб и на страна се најздравите пози.

@levitex Do you sleep in one of the magic two sleeping positions? #sleepingpositions #sleep #sleepposture ♬ original sound - Levitex

Се обидела да и помогне на сосетката, се здобила со изгореници на 60 отсто од телото

Физиотерапевтот, 64-годишната Лори Ален од Лахаина, хавајски град кој речиси го избришаа пожарите, е во критична состојба откако се обидела да и помогне на сосетката да избега од нејзиниот дом.

Ален се здобила со изгореници на шеесет отсто од телото.

Државните власти потврдија дека во пожарот загинале 55 лица, но се очекува бројката да биде поголема, бидејќи стотици луѓе се уште се водат како исчезнати. Исто така, според гувернерот Џош Грин, околу 1.000 објекти биле уништени или оштетени.

Лори Ален итно била пренесена во болницата Штрауб во Оаху, а од четвртокот е на интензивна нега. Заедно со сопругот Пери, брачната двојка во пожарот загуби имот вреден 1,3 милиони долари.

Пени Ален-Худ, сестрата на Пери, потврди дека Лори е во критична состојба и дека започнала кампања за собирање пари, за да обезбеди живеалиште за нејзиниот брат и снаа.

„Состојбата на Лора и понатаму е критична. „Ми кажаа дека причината поради која не побегнала веднаш е затоа што и помагала на нивната постара газдарица од која ја изнајмиле куќата, да побегне“, изјавила Пени.

Досега се собрани повеќе од 13.000 долари, а целта е 30.000 долари.

Стотици жители и туристи се уште се водат како исчезнати, а сателитски снимки покажуваат дека брегот на островот е целосно уништен.

Најголемиот глечер во Шпанија може да се стопи за десет години

Научниците предупредија дека најголемиот глечер Ането, на Пиринеите во Шпанија, би можел целосно да се стопи во следните десет години поради високите температури.

Весникот „Ел Паис“ пишува дека група истражувачи од Пиринејскиот институт за екологија пронашле формации кои содржат саѓи, бактерии и честички од карпите на дното на најголемиот глечер во земјата, Ането.

Утврдено е дека предметните црни мукозни формации го забрзуваат топењето на глечерите.

Истражувачот Начо Лопез-Морено и неговиот тим ја измериле дебелината на глечерот користејќи копнен радар (GPR).

Научниците утврдиле дека стапката на топење на Ането е тројно зголемена од 1981 година. Само минатата година се стопи триметарски слој од глечерот, а од 1981 година дури 30 метри. Глечерот досега изгуби 64 отсто од својата маса.

Истражувачите соопштија дека има 21 глечер на Пиринеите, од 52 што постоеле во 1850 година. Постојните глечери изгубија до 91 отсто од својата површина.

„Глечерот во последните години секоја година губи по 1,5 метар. Под претпоставка дека неговата просечна дебелина е 11 метри, глечерот не може да трае долго“, рече Лопез-Морено и додаде дека глечерот Ането може да исчезне за десет години.

Третиот екстремен топлотен бран во Шпанија летово го собори рекордот за највисока измерена температура на воздухот, покажуваат податоците регистрирани од 1928 година.

Шпанскиот метеоролошки институт (AEMET) објави дека на 18 јули е измерена рекордна температура од 45,4 степени Целзиусови во областа Фигерес во Жирона.

Популарно