Во водата за бришење подови додадете 1 лажица од овој зачин

Чистите и испрани подови не се само најдобриот начин да се ослободите од прашината и бактериите, туку и да створите пријатна и здрава атмосфера во домот во којшто живеете. Ништо помалку не е важна и енергијата на куќата која исто така треба периодично да се обработи.

Затоа, потребно е да се воведе периодично чистење на подовите со сол. Солта ќе помогне да се исчисти нечистотијата од подот и истиот ќе го дезинфицира, но истовремено ќе создаде и добра аура на просторијата, особено кога е време во домот да се врати мирот, среќата и бериќетот.

Во една канта ставете 10 литри вода и 1 супена лажица обична кујнска сол. Потоа отворете ги прозорите, бидејќи тоа ќе овозможи замена на енергиите: лошата излегува, а добрата енергија влегува внатре.

Натопете ја крпата и добро пребришете ги подовите. освен подните површини, можете да ги пребришите и полиците, масите, кваките и уредите кои ги имате дома. Солта која ја користите за чистење чувајте ја во посебен дел и никогаш не ја користете за солење на храната. Во продолжение прочитајте како да го вратите сјајот на подот:

Сите гребаници од мебелот ќе исчезнат и ќе биде нов со само неколку мудроштини кои ги осмислиле досетливите луѓе. Ова се генијални досетки кои можат да ви заштедат многу пари.

Гребаниците на дрвениот мебел, подот или на вратите се честа појава со која се соочува речиси секоја куќа. Во повеќето случаи гребаниците можат да се отстранат со помош на средства кои веќе ги имате во вашата кујна.

Секако дека потешко е да се „маскира“ некое поголемо оштетување, но може да се направат да бидат помалку видливи и да не се првото нешто кое се забележува кога некој ќе влезе во просторијата. Еве неколку корисни методи за отстранување и „маскирање“ на греманиците од дрвениот мебел:

I МЕТОД: Користете јатки од орев. Обичната јатка од орев е едноставно, а истовремено ефикасно решение за постоечките гребаници на дрвениот мебел и подот. Потребно е оревот да го излупите, а потоа да ги протриете со него оштетените места. Нема потреба да притискате силно зошто може да ја здробите јатката.

Главната задача при триењето со јатката, е да се пополнат трагите на гребаницата со маслата кои ги содржи оревот. Откако ќе се засуши местото, греманиците ќе станат помалку видливи.

II МЕТОД: Мешавина од маслиново масло и оцет. Оваа мешавина многу лесно се приготвува во домашни услови. Ќе ви бидат потребни една четвртина чаша бел оцет 9% и три четвртини чаша маслиново масло. Добро протресете ја содржината (најдобро во тегла со капак или шише), па со приготвениот раствор треба да се пребрижат сите гребаници и оштетени дело, па откако ќе се исуши да се исполира со сува памучна крпа.

III МЕТОД: Обојте ги гребаниците со јод. Ако мебелот има темна боја, најлесниот и најбрзиот начин е да се премачкаат гребаниците со повидон јод. Во зависност од величината на гребаниците, треба да земете стапче за уши или стара четка за заби, да ја натопите во јодот и да ја истретирате оштетената површина.

IV МЕТОД: Пополнете ги празнините со мајонез. Ако на дрвената површина не постојат само гребаници, туку има и помали пукнатини, тогаш најдобро е да користите мајонез. Пополнете ги со мајонез пукнатините, отстранете го вишокот и почекајте неколку денови.

Поради фактот дека овој производ е богат со масла и протеини, дрвото ќе набубри, а пукнатината ќе се затвори. После тоа, отстранете ги остатоците од мајонез кои не се апсорбирале и исполирајте ја површината со сува памучна крпа.

РЕЦЕПТ: Измешајте вода и винска киселина во однос 1:1. Течноста внимателно излејте ја по тепихот, па внимателно со крпа истријте ја дамката. Потоа наросете со сода бикарбона, изрибајте и оставете да отстои 5 минути. Со крпа соберете ја вишокот сода, а дамката исперете ја со детергент и вода.

Одржувањето на ламинатот бара голема нега. Едноставно прво пребришете со влажна крпа натопена со вода, а потоа изгланцајте со специјално средство за ламинат, или пак некое средство за одржување мебел растворено со малку вода.

Можете да користите и растворено млеко за тело или некое масло (само малку, не сакате да добиете лизгалица). Потоа изгланцајте со сува крпа, бидејќи претераната влага може да биде штетна за ламинатот.

За да има пријатен мирис во просторијата, во водата или на крпата кога ќе гланцате, додајте неколку капки етерично масло од лаванда или некое друго масло по ваш избор.

Викендов ни доаѓаат два големи празници пред Велигден

На 27 април е Лазарова сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.

На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! Дента се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Потоа со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.

Во Македонија групи девојчиња – Лазарки, облечени како невести одат и пеат лазаревски песни, како обичај за големиот празник.

Лазарова сабота

„Еве, сега е времето благопријатно; ете, сега е денот на спасението: да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на Светлината. Да одиме чесно како дење“ (2 Кор. 6, 2) – зашто ни се приближува сеќавањето на спасоносните Христови страдања, се приближува нова, голема и духовна Пасха, награда за бестрастието (палмовото гранче), почетокот на идниот век. Тоа го најави Лазар, кога излезе од оние кои се скриени во пеколот; по заповедта на Божјиот Син, Кој има власт над животот и смртта, оној кој четири дена беше во гробот, стана од мртвите. Кога било извршено чудото над Лазар, и кога Христос јасно истакнал дека Тој е Бог, народот го прифатил тоа и поверувал, додека некои кнезови, односно книжници и фарисеи, биле далеку од верата, па неразумно смислувале лоши работи против Него и со своето безумие сакале да Ги убијат Оној, Кој преку тоа што го рекол и направил се претставил како Господар на животот и смртта. Овие зборови, иако заради народот изговорени во вид на молитва, не биле молитвени зборови, туку зборови на власт: „Лазар, излези надвор!“ – и Лазар веднаш, иако четири дена мртов, застанал жив пред Него; зарем не биле едно заповедта и молитвата на Животодавецот? Тој викнал со силен глас, и тоа заради присутните, бидејќи можел не само тивко, туку и само со волјата да воскресне, и тоа оддалеку, додека каменот с? уште лежел над гробот. Тој, пак, му се доближил на гробот и им рекол на присутните да го тргнат каменот, а овие го почувствувале непријатниот мирис на распаѓањето и тогаш Тој со силен глас му се обратил на Лазар, го повикал кај Себе, и токму тогаш го воскреснал. И сето тоа, за тие да видат со сопствени очи, бидејќи биле крај гробот, со сопствениот нос да ја почувствуваат смрдеата на мртвото тело кое четири дена било во гробот, и со сопствениот допир да почувствуваат – затоа што со своите раце го допреле каменот кога го отстранувале од гробот, потоа плаштаницата и убрусот на главата кога го одвивале, како и лично да го чујат Господовиот глас, кој допрел до ушите на сите присутни. Значи, преку сето тоа, тие поверувале дека Тој е Оној Кој „го повикува непостоечкото кон постоечко“, Кој се носи со силата на Своите зборови и Кој на почетокот со еден Свој збор се доведе од небитие во битие. Свети Григориј Палама.

Веднаш по Лазарова сабота е празникот Цветници. Познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранчиња, како и со својата облека, му го постилале патот.

Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител.

Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија, го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.

Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот, Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора, Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија за да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“.

Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре?

Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот, како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.

Ни доаѓа Лазарова сабота, па Цветници - овие работи никако не смеете да ги направите пред Велигден

„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска

Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто може да се користат како трпезарии. Становите се прилично светли и имаат нетипично богат просторен стандард за современото домување, се наведува во описот.

Приземјето е малку повисоко од станбените катови и е целосно застаклено, поделено со врати, што му дава достоинство на јавен простор. На истото приземје, има и пекара и кафуле споени едно до друго. 

Популарно