Отворени нови работни места во КОТОН, ГРАНИТ, ВАНХООЛ и МНОГУ ДРУГИ!

Котон е турска мултинационална компанија за облека. Заклучно со 2015 година, ланецот имаше над 362 продавници за малопродажба во 25 земји.

Приказната за КОТОН, која започна во 1988 година со продавница од 25 квадратни метри, отворена во Кузгунчук, продолжува денес со речиси 500 продавници и 10.500 вработени во 28 земји. Со својот креативен персонал, КОТОН управува со модата и собира 250 милиони посетители годишно со над 60.000 производи.

Во моментов вработуваат:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - CITY MALL

АРАНЖЕР ( VISUAL MERCHANDISER ) - ТЕТОВО RE MALL

Гранит е основана како „друштво за изградба на патишта за потребите на Социјалистичка Република Македонија“ со владина одлука на С.Р. Македонија бр. 1235/52 на 24 ноември 1952 година. Во следните 57 години Гранит се трансформира од државно друштво во Акционерско друштво со приватизација во 1996 година, прераснувајќи во најголемиот македонски градежен изведувач.

Во моментов вработуваат:

ВОЗАЧ НА МИКСЕР ЗА БЕТОН
РАКУВАЧ НА БЕТОНСКА ПУМПА
ВОЗАЧ НА КИПЕР

Ван Хоол е белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден

Во моментов вработуваат:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РЕГРУТАЦИЈА
ХИГИЕНИЧАР ВО ОДДЕЛ ФАРБАРА
ФАРБАР - ПРИПРЕМАЧ
СТОЛАРИ
МЕХАНИЧАРИ

Сите други огласи од Ван Хоол видете ги ТУКА

МTEL Телеком Србија Груп е лидер во областа на телекомуникациите и како таква овозможува широк спектар на услуги на фиксна телефонија, мобилна, телевизиска и интернет комуникација со над 11 милиони претплатници на 4 регионални пазари: Србија,Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.

Во моментов вработуваат:

АГЕНТ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР
АГЕНТ ВО ПРОДАЖЕН САЛОН - КУМАНОВО

Телекабел скоро 25 години е единствената голема компанија со 100% домашен капитал во телекомуникацискиот сектор. Телекабел е доказ дека со истрајност, квалитет, многу работа и професионален однос кон корисниците и државата, и во Македонија може да се раскаже успешна приказна.

Во моментот вработуваат:

МОНТЕР - СКОПЈЕ
МОНТЕР - ВЕЛЕС
МОНТЕР - ШТИП
МОНТЕР - ГЕВГЕЛИЈА

Вокс Тенео е присутен во пет земји: Белгија, Северна Македонија, Индонезија, Луксембург и Сингапур. Благодарение на локациите на нивните канцеларии, Vox Teneo може да работи деноноќно, нудејќи 24/7 поддршка за нашите клиенти и деловни партнери.

Во моментот вработуваат:

PROJECT MANAGER/SCRUM MASTER
FRONT-END DEVELOPER
MID PHP DEVELOPER

Кромберг & Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Во моментот вработуваат:

ОПЕРАТОР ЗА ИСПОРАКА И ДОСТАВА - СКОПЈЕ
ТРЕНЕР/ОБУЧУВАЧ ЗА ПРОИЗВОДСТВО - БИТОЛА
ТРЕНЕР/ОБУЧУВАЧ ЗА ПРОИЗВОДСТВО - СКОПЈЕ
ОДГОВОРЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ЗДРАВЈЕ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА - СКОПЈЕ
ДОСТАВУВАЧ НА МАТЕРИЈАЛИ НА ПРОИЗВОДНА ЛИНИЈА - БИТОЛА

Сите други огласи од Кромберг & Шуберт може да ги видите ТУКА

Галениум Фарм е составена од  стручен и професионален тим од дипломирани фармацевти и фармацевтски техничари кои постојано се стремат за квалитетна и долготрајна промоција на здрави животни навики, совети за здрав и квалитетен живот на сите нивни пациенти.

Снабдени со квалитетна медицинска и органска козметика од светски реномирани брендови, лекови и суплементи. Секојдневно одговараат на потребите на нивните пациенти бидејќи здравјето е најголемо богатство

Во моментот вработуваат:

ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - СКОПЈЕ
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - КУМАНОВО

Кемет Електроникс со над 100 години технолошка иновација, помагат да се направи широк спектар на производи во најбрзо проширувачките индустрии во светот.Имаат најширок избор на кондензаторски технологии во индустријата, вклучувајќи проширен опсег на електромеханички уреди и решенија за електромагнетна компатибилност. Имајќи повеќе од 1.600 патенти и трговски марки ширум светот, воспоставуваат водечка позиција за нивните производи преку нивните напредни истражувања, технички персонал и способности за дизајн.

Во моментов вработуваат:

SENIOR ACCOUNT SPECIALIST

Вработување во Амбасада на Велика Британија, Алта Банка И А1 Македонија!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Амбасада на Велика Британија е дипломатско претставништво на Обединетото Кралство во Скопје, кое работи на унапредување на односите меѓу Велика Британија и Северна Македонија. Амбасадата обезбедува конзуларни услуги за британски државјани, поддршка за билатерална соработка, економски и политички односи, како и информации за визи и патувања.

Моментално вработува:

EXECUTIVE OFFICER

АЛТА банка АД Битола е банка која нуди банкарски и финансиски услуги за физички лица и компании, вклучувајќи кредити, штедење, платежни услуги и електронско банкарство.

Моментално вработува:

ПОСТАР СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР (SENIOR)
PRODUCT OWNER
БИЗНИС АНАЛИТИЧАР (ЕКОНОМИСТ)

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје, со своите иновативни решенија и автоматизирани процеси, одговара на потребите на клиентите за краткорочно финансирање. Водени од желбата да бидеме максимално достапни, корисни и удобни за секој кој има потреба од користење на нашите услуги, бевме една од првите компании во Република Северна Македонија кои овозможивме аплицирање за кредит, целосно онлајн, како и моментално одобрување и исплата на средствата.

Моментално ваработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ

Transcom Macedonia специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА СО ШПАНСКИ+АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА СО ФРАНЦУСКИ+АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ

JUNIOR OFFICE ADMINISTRATOR (M/F)
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА НА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК (М/Ж)
АГЕНТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА НА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК ВО СЕКТОР ЗА ЕНЕРГЕТСКИ УСЛУГИ - РАБОТА ОД ДОМА

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Виола Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните.

Моментално вработува:

ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - НАС. КАРПОШ
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - НАС. ЦЕНТАР

ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - НАС. АЕРОДРОМ
ФАРМАЦЕВТ - НАС. КАРПОШ
ФАРМАЦЕВТ - НАС. ЦЕНТАР
ФАРМАЦЕВТ - НАС. АЕРОДРОМ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ/ДИСТРИБУТЕР

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

7000 зачленети компании на KARIERA.mk!

Со огромна гордост објавуваме уште еден значаен успех, 7000 зачленети компании на KARIERA.mk!

Овој успех не е само бројка, туку доказ за довербата што ја градиме со години заедно со македонската бизнис заедница. KARIERA.mk денес е многу повеќе од платформа за огласи тоа е целосен HR екосистем кој ги поврзува компаниите и барателите на работа.

Во изминатиот период, континуирано инвестиравме во иновации и нови решенија:

  • HR scanner - стратешка и аналитичка алатка која го трансформира управувањето со човечки ресурси
  • KARIERA AI - паметни технологии за побрзо и попрецизно пронаоѓање кандидати
  • KARIERA настани - eдукативни работилници каде што експерти од индустријата споделуваат знаењa, искуства и практични стратегии
  • KARIERA Hub - центар за знаење, ресурси и кариерен развој
  • MojaKARIERA - платформа за физички лица што овозможува полесно поврзување, вмрежување и пристап до нови кариерни можности

Секој чекор напред е резултат на заедничка визија модерен, ефикасен и поврзан пазар на труд.

Зад оваа бројка стои силна заедница:

  • Илјадници реализирани вработувања
  • Континуиран раст на активни огласи
  • Вмрежување на компаниите и физичките лица на едно место
  • Поддршка во секој чекор од кариерниот пат

Нашата мисија останува иста да бидеме мост помеѓу компаниите и талентите, но и да создадеме простор каде што можностите и луѓето се среќаваат.

Голема благодарност до сите 7000 компании и илјадниците корисници кои се дел од KARIERA.mk. Ова е заеднички успех!

Продолжуваме уште посилно со нови алатки, повеќе можности и уште подобро вмрежување помеѓу компаниите и луѓето. 

KARIERA DAYS vol.3 Агенда: Целосна програма за 15 и 16 мај во East Gate Mall

Подготвени сте за кариерен пресврт? На 15 и 16 мај, East Gate Mall се трансформира во динамичен лавиринт каде секоја патека води до нови професионални хоризонти. Оваа агенда не е само распоред на часови, туку твоја лична мапа за навигација низ најдобрите можности на пазарот на труд.

Погледни што те очекува и планирај го твоето време паметно:

📅 ДЕН 1 | Петок, 15 Мај: Први чекори и инспирација

13:00 – 18:00 | Посета на штандови

Ова е твоето време за директен контакт. Искористи го целиот попладневен термин за разговор со претставниците на водечките компании, дознај ги нивните внатрешни култури и информирај се за активните огласи во живо.

14:00 – 15:00 | Кариерни совети: Твојот професионален компас

Приклучи се на сесиите за советување каде експерти ќе ти помогнат да го средиш твоето CV и да добиеш насоки како да се претставиш во најдобро светло пред работодавците.

16:00 – 16:30 | Тркало на среќата: Награди за храбрите истражувачи

Малку адреналин и многу изненадувања! Заврши го првиот ден со позитивна енергија и вредни подароци.

📅 ДЕН 2 | Сабота, 16 Мај: Акција и нови почетоци

12:00 – 18:00 | Продолжување на потрагата (Посета на штандови)

Ако пропушти некоја компанија првиот ден, денес е шансата да го надополниш тоа. Лавиринтот е отворен за сите нови конекции.

13:00 – 13:30 | Тркало на среќата: Прва доза изненадувања

Започни го вториот ден со нова шанса за добивка пред да се впуштиш во најинтензивниот дел од денот.

14:00 – 15:30 | Speed Interview: Брза патека до работа

Ова е „срцето“ на лавиринтот! Искористи ги овие 90 минути за кратки, но клучни интервјуа со работодавците. Биди концизен, биди подготвен и остави впечаток за само неколку минути.

16:00 – 17:00 | Кариерни совети: Финални стратегии

Заврши го твоето патување со дополнителни консултации и одговори на сите дилеми кои ти се појавиле за време на настанот.

Зошто да бидеш дел од KARIERA DAYS vol.3?

Ова не е класичен настан за вработување ова е интерактивна платформа каде човечкиот контакт е во центарот. Без разлика дали бараш прва работа, промена на кариерата или само сакаш да ја почувствуваш пулсацијата на пазарот, „Лавиринтот на можности“ е местото каде треба да бидеш.

Влези во лавиринтот и пронајди го својот излез кон успехот!
Регистрирајте ја вашата компанија ТУКА 

Популарно