Еве зошто не треба да пиете кафе на празен стомак

Многумина од нас го имаат истиот утрински ритуал: штом ги отвориме очите, го правиме првото утринско кафе.

Меѓутоа, експертите не се согласуваат со ваквите навики, а тоа го потврдува и нутриционистката Оливија Хедлунд, која смета дека кафето на празен стомак може да биде дури и штетно.

Хедлунд дури тврди дека кофеинот може да предизвика големи проблеми во цревата и хормоните. Имено, поради pH вредноста на кафето, која е кисела, овој утрински напиток може да предизвика чувство на тежина во стомакот, но и да го изложи телото на непотребен стрес.

– Ако прво пиете кафе на празен стомак, застанете и слушајте. Се плеткаш со хормоните. Кафето не само што е кисело, па наутро му е тешко на желудникот, туку буквално го става нашето тело во состојба на стресна реакција за да се ослободи кортизол – изјави Хедлунд.

Ако апсолутно не можете да се откажете од утринското кафе, нутриционистот препорачува да јадете нешто пред него, како што се сурови млечни производи, јајца, бобинки, јаболка или круши.

Само три делови од телото треба да ги миете секој ден

Докторот и дерматолог Сенди Скотнички предупредува дека пречестото миење на телото од глава до пети со сапун и вода може да доведе до разни кожни проблеми, како што се егзема, сувост и други кожни болести.

Наместо тоа, таа вели дека е доволно да се фокусирате само на одредени делови од телото – пазувите, препоните и стапалата.

Со неа се согласува и докторката Робин Чуткан, која објаснува дека ако го измиете целото тело со сапун, можете да ги уништите корисните бактерии.

-Факт е дека на нашето тело му требаат одредени бактерии, а доколку ги отстраниме со постојано чистење на кожата, ја губиме заштитата и сме поподложни на надворешни влијанија кои можат да бидат многу штетни. Она што е важно секојдневно да се мие се пазувите, препоните и стапалата. Доволно е да го исплакнете остатокот од телото со вода, дури и ако сте го одработиле тренингот пред туширање, објаснува Чуткан.

Една студија од 2018 година, чии резултати беа објавени во списанието Science Advances, покажа дека одредени видови бактерии кои живееле на кожата на испитаниците се поврзани со помал ризик од рак на кожата во споредба со луѓето кај кои бактериите не биле пронајдени.

Овие се првите симптоми на срцев удар

Иако се смета дека срцевиот удар се случува ненадејно, постојат многу предупредувачки знаци кои однапред укажуваат на оваа опасност по здравјето.

Истражувањето презентирано на годишниот состанок на Американското здружение за срце во Далас дава преглед на најчестите симптоми кои му претходат на срцев удар кај мажите.

Меѓу нив, идентификувани се 5 конкретни:

  • болка во градите
  • вртоглавица
  • отежнато дишење
  • палпитации
  • несвестица

Истражувањето ги истакна вообичаените симптоми кои му претходеа на срцев удар кај 567 мажи, на возраст од 35 до 65 години.

Речиси 80% од симптомите се појавиле помеѓу четири недели и еден час пред срцевиот застој.

Од оние кои имале симптоми, 56% доживеале болка во градите, 13% отежнато дишење, 4% вртоглавица, несвестица или палпитации.

Истражувањето исто така покажа дека 53% имале симптоми пред срцев удар.

Сепак, истражувањето има некои важни ограничувања. Прво, наодите сугерираат дека секој средовечен маж со болка во градите или отежнато дишење може да има срцев удар, но тоа не е така.

Студијата, исто така, не ја зема предвид распространетоста на симптомите кај популацијата од интерес. На пример, од милион средовечни мажи, колку ќе доживеат болка во градите или отежнато дишење за еден месец? Дури и ако 50.000 мажи развијат симптоми, колку од нив ќе доживеат срцев удар? Се разбира, не сите 50.000.

И покрај тоа, она што сугерираат резултатите е дека е важно да се внимава на симптомите кои може да претходат на срцев удар и пред се секогаш да се консултира лекар во случај на сомнителни симптоми.

Ова се најчестите постковид симптоми

Иако се чини дека состојбата со пандемијата на КОВИД-19 е стабилна, здравствените работници укажуваат дека се повеќе фокусот на вниманието се поместува на последиците по прележан ковид. Најчести пост-ковид симптоми се јавуваат во делот на кардиоваскуларните болести, како и невролошките нарушувања.

На денешниот брифинг со медиуми во организација на Македонскиот институт за медиуми, на кој присуствуваа д-р Александар Петличковски, специјалист по клиничка генетика и претседател на Комисијата за заразни болести, д-р Гордана Китева-Тренчевска, специјалист невролог и научен соработник и Валентина Андова, специјалист кардиолог се дискутираше околу актуелните прашања поврзани со КОВИД-19, хроничните болести и вакцинацијата.

– Разговаравме за најчестите симптоми што се јавуваат по прележан КОВИД, а можат да траат со месеци, па веројатно и години и потенциравме на значењето на вакцинацијата во намалување на шансите на вакви симптоми, бидејќи во сите сериозни студии е јасно дека оние кои се вакцинираат поретко имаат долг ковид и симптоми што го отежнуваат животот по прележување. Помеѓу главните ризик фактори што можат да доведат до долготраен ковид се набројуваат тешка форма на КОВИД, понапредната возраст, женски пол и невакцинираност, вели д-р Петличковски.Д-р Андонова, специјалист кардиолог вели дека на Универзитетска клиника за кардиологија е зголемен бројот на пациенти во амбулантите. На дневна основа во амбулантите за преглед доаѓаат околу 400 пациенти, додека на дијагностичките методи се прават и до 150 прегледи дневно. Старосната граница, како што посочи станува се пониска и периодов доаѓаат и пациенти од 25 до 30 години, со сериозни кардиоваскуларни заболувања.

Додаде дека најчесто пациентите доаѓаат поради симптоми на замор, малаксаност, градна болка, отежнато дишење или пак срцебиење, а како пост-ковид синдроми најчесто се јавуваат дилатативна кардиомиопатија, лева и десна срцева слабост, аритмија, венски тромбоемболизам и воспалителни промени на срцето што се многу почести во однос на пред пандемијата.

– КОВИДОТ и пост-ковидот се ризични, но исто така ризик се и нездравите навики на живеење, тоа значи дека нивните навики на пушачи, дебелина, неправилен начин на живот, без физичка активност се голем ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања на коишто нормално ние можеме да делуваме, апелираше д-р Андонова.Д-р Китева-Тренчевска од Клиниката за неврологија вели дека најчести пост-ковид што пациентите ги пријавуваат кај нив се главоболка, вртоглавица, епилептични напади, промени во функционирање на централниот нервен систем, деменција, проблеми со периферниот нервен систем.

– Овие пост-ковид заболувања ќе ги имаме зачестено бидејќи КОВИДОТ покажа дека ја менува хомеостазата, менувајќи ја циркулацијата, правејќи состојба на зголемена тромбоза, зголемување на мозочни удари, менувајќи го имунолошкиот одговор кога тој наместо да се сврти против вирусот се врти против сопствените структури во нервниот систем. Потребно е симптомите да се следат уште на почетокот за да може да се реагира на време, со цел последиците да бидат што помали од овие сериозни невролошки болести, вели д-р Китева-Тренчевска.Д-р Петличковски вели дека Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со зачестените респираторни болести и вели дека е очекувано по олеснување на рестриктивните мерки.

– Апсолутно е причина за ново сретнување со малку подзаборавени вируси и од тоа што го гледаме тоа е очекувано. Во моментов навистина се исполнети педијатриските капацитети со пациенти со потешка клиничка слика. Не е загрижувачки, туку нормален тек по олабавување на мерките по ковид-пандемијата, додаде тој.

Популарно