Дневен хороскоп

ОВЕН

Денеска вашето расположение ќе биде добро во текот на денот и затоа нема да чувствувате грижа за вашите професионални обврски. Работите и зборувате доста самоуверено и тоа го почитува околината. Внимавајте, сепак, непромисленото однесување да не стане повод за несакан тек на настаните. Ако можете да ѝ помогнете на вашата сакана личност, направете го тоа.

БИК

Ќе дадете предност на заедничка задача со која ве поврзуваат работните или други врски. Многу од вашите обврски ќе вклучуваат други луѓе, а тоа ве обврзува да бидете коректни и лојални кон нив. Работите ќе се редат според вашите очекувања и ќе ви донесат добро расположение.

БЛИЗНАЦИ

Ќе го посветите времето на активности надвор од вашата главна професија. Ова може да биде и почеток на нов бизнис за вас, брзо ќе се најдете на добитничката страна и ќе работите со поголем ентузијазам. Ништо не е случајно, вашето искуство се базира на многу труд и денеска ќе ги жнеете неговите плодови.

РАК

Вашиот добронамерен однос кон светот и особено кон луѓето околу вас е израз на вашата постигната внатрешна хармонија. За возврат, семејството и пријателите ќе ви ја покажат својата љубов и тоа ќе ви даде дополнителна сила. Професионалните задачи ќе станат полесни за спроведување, што ќе ви ги зголеми финансиите.

ЛАВ

Ќе го продлабочите интересот за поле кое ве привлекува и ќе го барате вниманието на луѓе со воспоставени позиции во него. Со доследни акции и без непотребна растргнатост во повеќе правци ќе ја постигнете целта. Во личните односи можни се проблеми, доколку треба да направите чекор наназад.

ДЕВИЦА

Добро сте го подготвиле распоредот, но не сте го усогласителе со семејството. Незавршените задачи нема да ви дозволат да се опуштите, иако имате желба за поинаков одмор. Ќе преземете заедничка иницијатива со личност за којашто сте заинтересирани. Гледајте одговорно на тоа, доколку сакате да ви донесе приходи.

ВАГА

Денеска ќе се чувствувате ценети како професионалец, бидејќи ќе ги импресионирате другите со својата работа. Колегите ќе ви се восхитуваат, а тоа ќе ви ја зголеми и онака високата самодоверба. Само не се заборавајте, бидете поскромни. Исто така, создадете повеќе пријателства за да уживате во реципроцитетот во односите.

ШКОРПИЈА

Со вашиот правилен избор денеска, можете да обезбедите финансиска независност и душевна удобност. Можни се и разочарувања, и тоа во правец на заемните односи и отстапувањата од вашите очекувања. Во семејната средина ќе се чувствувате посмирени и заштитени од туѓо и непријателско мешање. Чувајте се од измами.

СТРЕЛЕЦ

Вашите напори денеска ќе ви донесат добри резултати. Пожелно е да работите самостојно и да не се потпирате премногу на луѓе кои не ги познавате добро. Тоа ќе ве спаси од дополнителни компликации. Не брзајте емотивно да се врзете за партнер кој има површен однос кон вас. Бидете реални.

ЈАРЕЦ

Ситуациите во кои ќе се најдете денеска нема да ве изненадат со ништо, напротив. Настаните се предвидливи за вас и тоа навистина ќе ви помогне во вашата професија. Ги изненадувате вашите конкуренти во најпогодниот момент за тоа. Дома и надвор ве очекуваат финансиски приходи и добро расположение.

ВОДОЛИЈА

Треба да бидете сами со себе, да најдете време за тоа. Животот ве менува, но патот е ваш и вие ќе одлучите како да го одите. Контролирајте ги негативните емоции и избегнувајте конфликтни теми. Може да го влошите односот со личност од која сте зависни.

РИБИ

Атрактивна нова понуда за работа ќе го поттикне вашиот креативен потенцијал. Во него ќе видите добра перспектива за себеси и тоа ќе ве направи среќни. Со задоволство ќе го споделите вашето расположение со пријателите и ќе го прославите настанот навечер. Некои од вас, пак, ќе имаат парична добивка, што е исто така причина да бидете среќни.

За Божиќ вистинска радост за децата

Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со појава на утринска магла. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 11 степени.

Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2).

Во недела во текот на денот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во повисоките места, особено во западните делови.

Од понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец што ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.

Во кои делови од Македонија е најстудено, а каде има најмногу снег?

Најстудено со измерени -3 степени целзиусови утрово е во Скопје-Петровец и Берово, снежната покривка во Маврови Анови е 30 сантиметри, соопштија од УХМР.

Во Струмица и Демир Капија се измерени -2 степени, -1 Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија, нула во Штип, Куманово, Велес, Кавадарци, 1 степен во Крива Паланка, 3 Прилеп, Дебар, Маврови Анови, Лазарополе и Попова Шапка, 4 Битола, Дојран, Виница, 5 Тетово, Крушево, 6 Претор и 7 степени во Охрид.

Висината на снежната покривка во 7 часот е 12 сантиметри во Крушево и 10 на Попова Шапка.

Времето во текот на ноќта и утрово, како што соопштија од УХМР, е малку до умерено облачно. Во западните делови дувало слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец и таму температурата утрово е повисока. Во останатите делови е постудено, а во некои котлини во Повардарието има магла.

Времето денеска во најголем дел од земјава ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. По котлините, особено долж Повардарието постудено со појава на магла, која попладне ќе слабее. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен, а во југоисточните слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 8 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде магливо и тивко, попладне видливоста ќе се зголеми. Максималната температура ќе достигне 9 степени. 

Издаден портокалов аларм во Македонија

Според најновите информации на УХМР, претпладне променливо облачно и студено, понекаде и особено во источните делови ќе провејува слаб снег.

Од пладневните часови во поголемиот дел од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец (над 70 км/час).

Во Скопје претпладне променливо облачно, студено и ветровито, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот, велат од УХМР.

Популарно