Исчезна 13-годишно девојче и нејзиното петмесечно бебе

На 23.07.2024 во 15:30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ѓ.О.(51) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината малолетна штитеничка А.А.(13) заедно со нејзиното петмесечно бебе.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Убиство во Кочани, приведени две лица

ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против Ѓ.Б. (32) и Љ.С. (48), двајцата од Кочани поради основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.

Вчера во 7.43 часот Ѓ.Б. пријавил во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов  неговиот сосед Д.А. (54) од Кочани. Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт со видливи траги на насилство, а од страна на ОВР Кочани во координација со јавен обвинител од ОЈО Кочани веднаш се преземени мерки и активности за расчистување  на случајот. При тоа, во службен разговор Љ.С. признал дека Ѓ.Б. и Љ.С. претходната вечер биле во домот на нивниот сосед Д.А. и консумирале алкохол, по што настанала расправија и го удирале Д.А. со тврди предмети. Ѓ.Б. и Љ.С. се лишени од слобода и со кривична пријава предадени на ОЈО Кочани за понатамошно постапување.

Повредил дете кое фрлало со камења по неговото куче - Кривична за 67-годишник

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.П.(67) од с.Будинарци, поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

На 05.08.2024 во с.Будинарци, беровско, откако пријавениот го забележал детето како со камења фрла кон неговото куче, со тврд предмет го удрил по главата, соопшти МВР.

Пронајдено починато 15-годишно момче во центарот на Скопје

Трагедија доцна синоќа во главниот град. 

На улицата до катната гаража „Разловечко востание“, во центарот на Скопје до ГТЦ, синоќа е пронајдено 15-годишно момче, без знаци на живот, по пад од гаражата.

Додека истражните екипи вршеле увид, на Снепчет се споделуваше фотографија што момчето ја објавило непосредно пред падот, на која се гледа како се наоѓа на најгорниот кат на катната гаража.

Истражителите треба да дадат одговор дали се работи за еден од несреќните случаи, инспирирани од предизвиците на социјалните мрежи.

Популарно