Вкупно 129 вработени во УЈП треба да вратат 18 милиони денари поради незаконски прераспределувања

Вкупно 129 вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) ќе треба да враќаат пари, зашто од 12 февруари годинава со незаконски склучени договори земале поголема плата. Тие биле административни службеници, но во текот на изборниот процес потпишале договори со кои станале даночни службеници.

Одлуката за потпишувањето на договорите била колективна и незаконска, констатирал Државниот инспекторат за труд (ДИТ) кој извршил проверки откако е назначена новата директорка на УЈП Елена Петрова. ДИТ поради тоа и наложил на Петрова да ги поништи тие договори на овие 129 вработени. Финансиската штета од целата оваа ситуација изнесува околу 18 милиони денари.

Како што информира Петрова на брифинг со новинарите, УЈП во моментов бара најсоодветно решение за 129-те вработени кои денеска треба да потпишат нови договори за даночни службеници. Една од опциите е дури и потпишување нов колективен договор или анекс на веќе постојниот, за што се разговарало и со синдикалните здруженија. УЈП, нагласи директорката, чека и одговор од ДИТ за „најбезболно“ да се реши настанатиот проблем за кој, потенцира, вработените не се воопшто виновни. Намерата, рече, веројатно била добра, да имаат повисоки плати, но изгубила смисла поради незаконитост. Со новите договори, пак, што ќе бидат потпишани, секој од овие 129 вработени ќе добие плата според работното место.

Како што подвлече Петрова, вработените практично ќе добијат решенија за даночни службеници зашто актуелниот Закон за УЈП не предвидува администрстивни службеници, за што имало и негативно мислење од поранешното Министерство за информатичко општество и администрација.

„Претходната директорка на УЈП донела одлука и акти кои се незаконски и поради кои внатре сега имаме хаос во организирањето на некои работни процеси и сме соочени со исправање последици. Незаконитоста и формално правните неправилности ги констатираа и ДКСК и Државниот инспекторат за труд. Во моментов јас сум соочена и треба да извршам наредба на Трудовиот инспекторат со која ми се наложува поништување на одлуката со која претходната директорка на УЈП во февруари ги откажала договорите за вработување на сите вработени во УЈП, а воедно им наредила да продолжат да работат до склучувањето нови договори според новите интерни правилници. Поништувањето на оваа одлука сега значи поништување и на сите нејзини правни последици, односно тоа значи дека ќе се поништат договорите со вработените склучени по распишувањето на изборите што има свое влијание и врз платите исплатени на определени вработени кои добиле повисока плата со промена на нивниот статус. Најмногу засегнатите вработени во УЈП сега се изложени на трпење последици од одлуката на претходната директорка на УЈП. Процесите на поништување на старите и склучувањето нови договори со сите вработени во УЈП се одвивале во тек на изборниот процес, истакна Петрова.

Сетоа ова, според неа, можело да се избегне доколку се испочитувале законските рокови.

„Согласно измените на Законот за УЈП овие акти во УЈП требало да бидат донесени во законскиот рок до 3 ноември 2023 година, а се донесени со задоцнување на 9 февруари оваа година во пресрет на изборниот период. Согласноста од МИОА за овие правилници била издадена врз основа на своевидна манипулација и вметнување работни места во правилниците за кои немало намера да бидат пополнети и не се пополнети. Согласноста е издадена истиот ден, на 9 февруари, кога министерот кој ја потпишал бил разрешен, што е морален и политички хазард. Ова фрла црна дамка на целиот процес, а и целиот процес на усогласување на сите вработени во УЈП по статус и плата ја изгуби својата смисла и добра намера токму поради лошото менаџирање, ненавремено постапување надвор од законските рокови, а потоа непромислено и избрзано постапување, формални и правни неправилности и незаконитости“, објасни Петрова.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги постави прашањата што сите не засегаат!

По успешната прва сезона, се враќаме со нови гости, добро познати на јавноста, стручни лица, активисти кои ќе ги споделат своите ставови за актуелните состојби.

Се отвора и простор за споделување на лични случки на граѓаните, проблемите, предизвиците и искуствата со кои се соочуваат секојдневно низ болниците во Македонија.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги поставува прашањата што се важни за сите граѓаните, ќе ги отвора темите за кои можеби никој не зборувал и ќе ги пренесе приказните што го отсликуваат здравствениот систем. Емисијата ќе понуди и практични видео совети од спонзорите Зегин и Промедика, со корисни информации за здравјето и грижата за себе.

Првата епизода: Инсулински пумпи и сензори за пациентите со дијабетес тип 1.

Гостин е Зоран Стојкоски, пациент и активист за правата на пациентите со дијабетес. Втората сезонс на „Клиника за се“ започнува вечерва, во 18:00 часот, со премиерното емитување на првата епизода на YouTube.

Промоција на книгата „Ткажалки“ од Александра Јуруковска во КИЦ – Белград

В понеделник (5 октомври) во 19 часот во македонскиот Културно- информативен центар во Белград ќе биде промовирана стихозбирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, добитничка на наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2025 година. Настанот е замислен како разговор со авторката,

а ќе го води новинарката Сребра Ѓорѓијевска. „Ткажалки“ е прва поетска книга на Александра Јуруковска, за која критиката ќе напише:  Веќе со својот поетски првенец, авторката успева да воспостави мост меѓу личното и универзалното, што претставува несомнен естетски квалитет. Од друга страна, нејзините песни не се само лирски обраќања до загубеното, туку се и женски отпор, сведоштво и внатрешна борба против заборавот. Оттаму и една мошне суптилна ангажирана нота вткаена во зборовите, но и во тишините на песните поместени во Ткажалки - подвлекува универзитетската професорка и критичарка Лидија Капушевска-Дракулевска.

Во одлуката на жири комисијата за минатогодишната награда „Даница Ручигај“ на ДПМ, беше потенцирано и дека поетскиот јазик во триесетината песни на „Ткажалки“ е сплетен претежно од зборови карактеристични за нашата современост, но и со зборови што произлегуваат од нашата јазична традиција, обојувајќи ги стиховите со своевидна патина.

На тој начин авторката внесува лична нота во современата македонска поезија. Александра Јуруковска е книжевна критичрка, новинарка и промоторка на културата. Автор е на книгите: Ткаење на текстот (новинска критика; Силсонс, 2014), Медиумскиот егзил на книжевноста (интермедијалната студија; Авант прес, 2018) и 2 минути и 40 реда (радио и новинска критика; ПНВ публикации, 2020). Објавува критика и есеистика во најзначајните домашни и регионални списанија за литература, култура и културолошки истражувања, како и на неколку специјализирани портали. Работи во Националната и универзтитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а на македонската културна и книжева сцена е присутна цели 25 години.

На 6 октомври Јуруковска и Ѓорѓијевска ќе учествуваат на панел за видливоста на културата во македонскиот и српскиот контекст што ќе го модерира директорот на КИЦ- Белград, Васко Шутаров. Проектот „Ткажалки“ во македонскиот КИЦ во Белград е поддржан од Министерството за култура и туризам како дел од меѓународната промоција на современото македонско литературно творештво, јазик и култура.

Вработување во УНИБанка, СЕТЕК и Natura Therapy!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

Mенаџер за Корпоративна продажба

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио, видео и бела техника кој на македонскиот пазар е присутен 33 години.

Моментално вработува:

Референти за продажба во Охрид

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Natura Therapy е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално ваработува:

Оператор во Call Centar за продажба
Стручни соработници во Сектор за производство - Подружница Натура Терапи Лабс во Штип

Беоспорт е меѓународен ланец на продавници кој во својот асортиман ги нуди светски познатите брендови (Pepe Jeans, Superdry, Nine West, G-Star, Garcia Jeans, O`Neill, Quiksilver, Roxy, DC, Wilson, Nine West, Dune).

Моментално вработува:

Асистент за продажба во Беоспорт City Mall

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

Возач/дистрибутер

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Популарно